Новиот Mini со 300 КС во лимитирана серија

Лимитирано производство на само 3000 примероци се дополнителен фактор за ексклузива на новиот Mini JCW GP  опремен со 300 спортски „ждребиња“  на радост на поклониците на марката што уживаат во октанската експлозија на асфалтната патека

Производителот на автомобили од Велика Британија во сопственост на BMW Group  го развива врвот на „John Cooper Works GP“ со новата моќна изведба на жешкиот хечбек.

Новиот 2020 Mini JCW GP воедно ќе претставува најмоќниот и најбрзиот модел на компанијата, благодарение на 2,0 литарскиот турбо мотор, кој испорачува моќност од над 300 КЅ, a производството на моделот ќе биде ограничено на само 3000 примероци.

Моделот што е „уловен“  е со несекојдневнао камуфлажа, толку едноставна што речиси и не ги сокрива надворешните детали,  со голем спојлер на покривот и проширените делови над тркалата, се за поголема аеродинамика.

Новиот Mini JCW GP  доаѓа со агресивен и робусен изглед за што придонесуваат и измените во останатите надворешни делови, каде се вбројува длабокиот спојлер на предниот браник, модифицираната предна решетка и поголемите цевки на издувниот систем.

За посупериорни перформанси новиот модел добива преработен систем за потпирање, поголеми сопирачки, статични гуми и подолга предна и задна оска…

За да се намали масата на автомобилот, Mini може да користи и лесни материјали, како јаглеродни влакна, а со отстранувањето на задната клупа може дополнително да се олесни возилото.

Компанијата уште минатата година објави тизер фотографии од новиот JCW GP, а со тековните тестови на јавните патишта и со слабото присуство на камуфлирано прекривање, може да се претпостави дека се приближува премиерата на овој модел.

Продажбата на новиот Mini се очекува да започне кон крајот на тековната 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Rivan со кујни на извлекување како дополнителна опрема!

Citroën Born Paris XV, 100 автомобилски икони за прослава на 100 роденден на брендот

Новиот Mercedes-AMG One вреди четири милиони долари!

Ново продолжение на посетата на фабриката Rimac Automobili!

Од Ливерпул на финалето на лига на шампиони во Мадрид со Škoda Favorit

Најавено годишно производство од 10.000 примероци на Tesla Roadster

Електричниот Lotus Type 130 себитира на 16 јули годинава

Škoda Mountiaq – креација на фантазијата на младите дизајнери од Чешка

Почна одбројување до премиера Bentley Flying Spur, лимузина со спортски DNK!