Новиот MItsubishi Space Star достапен и во Македонија за само 8.880 евра

По големо исчекување конечно, моментно најбараното возило на автомобилскиот пазар oд овој јапонски бренд, Mitsubishi Space Star, пристигна и во Македонија и тоа со многу поволна цена и сооднос на добиеното за вложените пари…

Причини за големиот интерес за ова возило на јапонскиот производител Mitsubishi има многу, почнувајќи од  атрактивната цена, бидејќи возилото според своите димензии спаѓа во Б сегментот на возила или популарно наречени градски возила, а се нуди по цена на уште помалите неречени мини возила од А сегментот.

Во Македонија, возилото се нуди за 8.880 евра со солидно ниво на опременост. (повеќе инфо на https://mitsubishimotors.mk/space-star/)

„По повеќегодишно истражување и развој, фабриката успеа преку разни напредни технологии патентирани од Mitsubishi, да одговори на растечкото барање на купувачите за помал, градски автомобил, кој ќе има пониска емисија на штетни гасови, ниски трошоци на одржување, ниска потрошувачка на гориво и се разбира ниска цена на чинење, но во истовреме да ги задоволи високите европски критериуми за квалитет“, изјави директорот за продажба на Mitsubishi Motors во Македонија, Владица Кокаловиќ.

Новиот Mitsubishi Space Star е изработен од челик со највисока цврстина и други иновативни легури, поради што е постигната ниска тежина на возилото, како и исклучително низок коефициент на аеродинамичност.

Засега ќе се вградуваат веќе проверените мотори со зафатнина од 1.0 и 1,2 литри и моќност од 71 КС и 80 КС, кои поседуваат MIVEC технологија, што заедно со другите иновации доведува до рекордно ниска потрошувачка на гориво од околу 5,0 l/100 km во градски услови на возење.

Од претходната генерација на Mitsubishi Space Star досега се продаден над 600.000 возила од кои најмногу во Европа, од што половината од нив се продадени во Германија.

Изгледот на новиот модел содржи повеќе компактни линии и се истакнува динамичната надворешност, како и елегантниот дизајн на внатрешноста, со воочлива предна маска, со карактеристичен преден изглед на сите модели на Mitsubishi, наречен „динамичен штит“, а комбинацијата со LED светлата напред и назад, прави да биде складен и лесно препознатлив.

Како дополнителни опции, на располагање се новата „Diamond“ боја на Mitsubishi, која предизвикува ефект на стакло, како и новите двобојни алуминиумски тркала. Внатрешноста е опремена со нови, квалитетни материјали со посебен дизајн, со многубројни детали и елементи, кои внатрешноста ја прават да биде елегантна, вклучително и SDA уредот со 7 инчен екран, за поврзување со паметни телефони, навигација …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Poletar го покажа возачкиот простор од иднината

Спортски Peugeot 508 co Hybrid погон до крајот на 2020

Volkswagen Touareg R со plug-in hybrid систем

Официјално претставена DS9 – Француска преиум лимузина создадена да успее!

Електричен Fiat 500e без маска

Новиот Volkswagen Caddy новиот крал кај возилата за дотур!

Cupra Leon, шпанската икона станува plug-in hibrid!

Ултимативна Honda Civic Type R со Sport Line и Civic Limited Edition

Peugeot го лансира својот прaктичен работник – pick up модел Landtrek