Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Најновите гласини велат дека скапоцениот камен на Nissan наскоро би можел да добие нова генерација…

Наводно, новиот GT-R треба да се појави на пазарот за три години и да користи хибриден погон.

Секако, не треба да се потенцира дека продажбата на овој модел значително опадна, како и дека тоа е единствениот автомобил на пазарот од 2007 година, што е речиси неверојатно за денешните услови.

Актуелниот GT-R досега претрпе голем број ажурирања и подобрувања, но немаше фундаментален редизајн и освежување, па затоа е јасно дека овој модел или ќе добие нова генерација или ќе исчезне од пазарот.

Кога станува збор за новиот GT-R модел, гласините тука се делат во две насоки.

Еден дел од озборувањата во автомобилските кулоари велат дека тоа ќе биде темелен редизајн, но ништо повеќе од тоа, додека други тврдат дека тоа сепак ќе биде нова генерација на овој модел.

Исто така, се тврди дека ќе се понуди некој вид на хибрид што го има во понудата (најверојатно микро – хибрид) што треба да овозможи уште подобри перформанси.

Но, сите овие тврдења се целосно спротивно на она што го слушнавме за GT-R минатата година.

Во тоа време, имаше најави дека овој модел дефинитивно ќе се префрли во групата на  хибриди, додека други пишуваа дека сегашната генерација ќе остане на пазарот се до 2027 година!

Во секој случај, нешто наскоро ќе треба да се стори за овој фантастичен автомобил, во спротивно ќе го „прегази“ времето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro