Новиот Nissan Patrol ќе се развива заедно со новиот Mitsubishi Pajero!

Производителот на автомобили од Јапонија Nissan пред нешто повеќе од еден месец ( септември тековната 2019 година) ја претстави ре – дизајнираната верзија на неговиот SUV модел Petrol…

Меѓутоа, директорот на дизајнот на јапонскиот дел од француско – јапонската Алијанса Алфонсо Албаиса (Alfonso Albaisa) во таа прилика потврдил и дека производителот од Јапонија веќе работи на новите генерации на повеќе модели, а помеѓу нив е и новата генерација на овој голем SUV со извонредни теренски карактеристики.

Посетуваме, Pаtrol e еден од најстарите и најдолговечните имиња на модели во автомобилската индустрија, бидејќи на сцената е веќе цели 70 години и сега се најавува негово продолжување со нова генерација.

Познавачите велат дека е крајно време за пристигнување на наследникот на Nissan patrolбидејќи актуелната генерација е присутна на пазарот речиси една деценија (во наредната 2020 година ќе влезе во својата 10-та пазарна година). Новината освен во ре –  дизајнот секако ќе се одликува и со многубројни значајни технолошки унапредувања.

Новина е и тоа дека новиот Patrol ќе биде развиван паралелно со новата генерација на уште еден легендарен теренец – Mitsubishi Pajero.

Потсетуваме од пред две години члена на француско – јапонската алијанса е и Mitsubishi и сега Алијансата е сочинува тројна оска Renault – Nissan – Mitusbishi.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Италија возачите задолжително ќе вградуват аларм за бебиња на седишта

Tesla својот Cybertruck pick up ќе го претстави на 21 ноември

Иднината на Alfa Romeo во PSA Group!

Ford со големи надежи во електричен SUV што наликува на Mustang

Audi RS Q8 го урна рекордот на Nürburgring!

Наскоро Wiesmann MF6

Прво видео од новата Škoda Octavia пред светското деби 11.11.2019

Автомобил на годината во Германија за 2020 е Porsche Taycan

Lamborghini со тизер на нов хипер автомобил во лимитирана серија!