Моделот Passat, едно од најпознатите имиња на Volkswagen, но и на целата автомобилска индустрија, оваа година речиси беше згаснат…
Работата ја спаси караван верзијата на моделот, па преживеа името и генерацијата B8.
Сегашната генерација беше претставена пред осум години, поточно во 2014 година, последниот редизајн беше направен во 2019 година, а сега многумина сакаат наследник.
Мора да се признае, резултатите од продажбата не го кажуваат тоа. Passat некогаш беше најпродаваниот седан на европскиот пазар, но неговата продажба постојано опаѓа во последните години, како и другите седани на пазарот, пишуваат агенциите.
На Passat дефинитивно не му е лесно. Во рамките на самиот концерн, постојат голем број на опции, вклучително и некои модели на лимузини и каравани од оваа големина.
Passat B9 сепак доаѓа, а Volkswagen нагласува дека ќе направи значаен исчекор во однос на квалитетот, функцијата и дигиталното искуство, се разбира во позитивна смисла.
Треба да се има предвид дека доаѓа Aero B, електричен караван со големина на Passat, кој би можел да биде замена за Passat, но и полуксузниот Arteon. Кога станува збор за новиот Passat, тој очигледно ќе го преземе дизајнерскиот потпис на поновите модели, особено на Golf и ќе има малку подинамична форма.
Кога станува збор за погоните, основата ќе биде бензинец 1.5 TSI и 2.0 TDI, двата со 150 КС и автоматски менувач.
Plug – in хибридот е речиси сигурен, а некои пазари би можеле да добијат поспортска верзија.