Новиот Peugeot 308 во Франција со стартна цена од 28.000 евра

Peugeot започна да прима нарачки за новата генерација на својот популарен компактен модел 308 на домашниот пазар -о Франција, истакнувајќи дека испораките се најавени за во септември тековната 2021 година…

Во понудата се бензински мотори со 110 КС и 130 КС, потоа дизел погонски единици со моќ од 130 КС, како и две хибридни верзии (со 180 КС или со 225 КС).

Во зависност од погонската единица во автомобилот се инсталира шест (6) -степен мануелен или осум (8)степен автоматски систем за трансмисија на силата.

Клиентите можат да изберат помеѓу пет пакети на опрема (Active Pack, Allure, Allure Pack, GT и GT Pack), со цени што на пазарот во Франција почнуваат од 24.800 евра (толку е основниот модел со бензински агрегат моќен 110 КС, со шест (6) степен мануелен менувач и Active Pack  ниво на опременост).

Комплетниот ценовник во Франција можете да го видите во табелата:

MODEL ACTIVE PACE ALLURE GT
Petrol PureTech 110 ks 6 speed transmission € 24,800
Petrol PureTech 130 ks 6 speed transmission € 26,200 € 28,200 € 29,000
Petrol PureTech 130 ks automatic € 28,200 € 30,200 € 31,000 € 33,000 34,600 €
Diesel BlueHDi 130 ks 6 speed transmission € 28,700 € 30,700 € 31,500
Diesel BlueHDi 130 ks automatic € 30,700 € 32,700 33.500 € 35.500 € € 37,100
Plug-in hibrid 180 ks 36,800 € 38,600 € € 39,400 € 41,400
Plug-in hibrid 225 ks 43,300 € 44.900 €

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Замената за Chevrolet Camaro ќе биде електрична лимузина

Електричен Citroen DS

Bentley Bentayga со фелни од карбонки влакна

Убавицата и Peugeot  208

LA Renault 5 Turbo 3 рестомод- Експлозија на 400 „грла“ во класично руво

Lamborghini 63 луксузна јахта/глисер со 4000 KС и топ брзина 111км/ч

Купувачите на новата Toyota Land Cruiser од Јапонија не можат да ја препродаваат година дена

Тркачки Audi RS Q E-Tron најавен за Dakar Rally 2022

Alpha Superwolf