Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Долго зборуваниот Peugeot 4008 би можел да пристигне уште оваа година со електрифицирани погонски единици и наведнат покрив како поатрактивен брат на 3008, дополнително истакнувајќи го премиум пресвртот на француската марка во последните години.

Peugeot го користеше името 4008 на теренец од 2012-2017 година базиран на Mitsubishi. Иако беше заменет со нов  2008 , за враќање на табличката 4008 во Coupe варијантата се зборува уште од 2018 година. Моделот би можел да им конкурира на моделите како Audi Q3 Sportback, BMW X2 и Mazda CX-30, или подостапни модели како Renault Megane Conquest, пишуваaт специјализираните портали.

Како што е прикажано во шпекулативната илустрација создадена од Жан Франсоа Хуберт (Jean Francois Hubert), 4008 може да изгледа повеќе како crossover coupe благодарение на неговиот низок страничен профил, аеродинамичната линија на покривот и издлабениот профил со изразени лакови над тркалата. Решетката ќе добие ново лого на Peugeot опкружено со LED фарови со вертикални продолжетоци на црниот браник и вештачки отвори веќе видени на 308 и ажурираниот 3008/5008.

Во кабината ја очекуваме таблата iCockpit што ја користи 3008, што значи 10-инчен 3D дигитален инструмент табла и уште еден 10-инчен инфозабавен екран на допир. Карактеристиките како што се амбиенталното осветлување и висококвалитетните материјали за тапацир во комбинација со високотехнолошката опрема би помогнале 4008 да стане конкурент на етабираните модели.

Што се однесува до погонската група, најновите гласини сугерираат дека Coupe-SUV би можел да добие четири различни типови plug-in хибриди, комбинирајќи 1,6-литарски PureTech турбо бензински мотор со еден или два електрични мотори и литиум-јонска батерија од 12,4 kWh.

Ако ја погледнеме моменталната понуда на Peugeot, таа би вклучувала два PHEV со погон на предните тркала и комбинирана моќност од 180 КС (132 kW) и 225 КС (165 kW), со два PHEV со погон на сите тркала и 300 КС.( 221 kW) и 360 КС (265 kW). Моделот би можел да добие и PSE (Peugeot Sport Engineered) варијанта, што ќе го направи вистинска конкуренција на VW Tiguan R.

Официјалната премиера се очекува оваа година, сeриската понуда се очекува наредната 2023 година,  а повеќе информации за моделот ќе имаме во наредните месеци, заедно со можни фотографии од камуфлирани прототипови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot Partner Rapid

Први фотографии на рестилизираниот BMW Series 3

BMW M4 Coupe 50 Jahre BMW M

BMW M3 Edition 50 Jahre BMW M

Audi A1 Allstreet

Deep Blue C385

И официјално BMW M4 CSL

BMW ја претстави подновената Series 3

Подновена Mazda MX-30