Новиот Porsche 718 ќе има електричен погон

Неодамна, повторно се зборуваше за тоа дека следната генерација на Porsche Macan ќе има електричен погон, а очигледно тоа ќе се случи и со замената на моделите 718 Cayman и Boxster…

Имено, како што пренесуваат некои медиуми, Porsche треба да ја понуди следната генерација на моделот 718 со целосно електричен погон, од моделската 2025 година.

Изгледот на новиот Porsche 718 најверојатно ќе биде инспириран од концептот Mission R од неодамнешниот саем за автомобили во Минхен.

Како што се очекуваше, новиот 718 ќе има преден дел во стилот на Taycan, со широки фарови, додека внатрешноста ќе биде со повеќе футуристички стил, споредено со сегашната генерација.

Тежината на електричниот 718 ќе биде помала од 1650 кг (основата е нова електрична платформа), што е повеќе од 718 Cayman, но далеку помала од тежината Taycan.

Името ќе остане исто и неговата цена ќе биде значително пониска во споредба со 911.

Се проценува дека минималниот опсег со едно полнење на батеријата треба да биде 400 километри, а покрај стандардната верзија, со погон на задните тркала, ќе има и варијанта со два електромотори, со погон на сите четири тркала.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai со патент за дисплеј во средина на воланот

Honda SENSING 360 степени – формула за безбедност

Сон на возачите Вечен зел бран

Google AI го подобрува протокот на крстосниците

Fiat Tipo „задоволи“на тестот „северен елен“ на Тимот км 77!

GM се пофали со нов авто пилот Ultra Cruise

Кинескиот автомобилски гигант Geely почнува со производство на сателити

Lancia Delta се враќа како електричен автомобил

Mazda6 со заден погон и мотор со 6 цилиндри во линија за 9 месеци!