Новиот Porsche 911 Cabriole за вљубените во возење под отворено небо

Откако неодамна го претставија новиот 911, но пристигнува и верзијата без покрив, а убавата приказна ја надополнува и верзијата Targа, што може повеќе да посакаат поклониците на супер спортската марка од Цуфенхаузен…

Во Лас Вегас има навистина интересни премиери, а едната од нив пристигна од Цувенхаузен (Zuffenahausen).

Новит модел е експлозија од модерни Coupe линии, а сепак останува потполно Porsche 911 во Cabriolet форма.

Со целосно автоматски мек покрив има интегриран стаклен заден прозорец. Мекиот покрив може да се отвори и затвори и во возење при брзини до 50 km/h и за тоа му се потребни само 12 секунди.

Ккао и неодамна претставениот  911, cabrio изведбата ќе биде достапна  како Carrera S со погон на задните тркала и како Carrera 4S со погон на сите четири тркала.

И двете се потпираат на ист погонски агрегат  со работен волумен од 2,981 cm³, со шест цилиндри – bokser мотор со моќност од 331 kW (450 KS) и 530 Nm вртежен момент што е на располагање од 2.300 и 5.000 в/мин.

Снагата се пренесува преку ново развиениот PDK менувач со двојна спојка  и со осум степени на пренос.

Перформансите се: Carrera S забрзува од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди (со опцијата на пакетот Sport Chrono за 3,7 секунди) и може да достигне брзина до  306 km/h.

Додека Carrera 4S постигнува максимална брзина од 304 km/h и има забрзување од 0 до100 km/h за 3,8 секунди (со пакетото на опрема  Sport Chrono за 3,6 секунди).

Пристигнувањето на 911 Cabriolet се очекува во текот на пролетта, a на пазарите во регионот е извесно дека ќе се појави во текот на летото тековната 2019 година. Нo, вреди да се почека!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се подготвува нов Bentley Continental GT

Bugatti размислува за производство на електричен хипер автомобил!

Volkswagen Комерцијални Возила ја претставува електричната мобилност

Kia со ново партнерство со Amazon

Аudi годинава со два футуристички концепти

BMW го истурка Audi од дресовите на Баерн

Новиот Porsche Taycan веќе има 20000 купувачи

Женева 2019- Bugatti La Voiture Noire -екстремно скапа играчка на тркала!

SEAT el-Born: приклучен кон електричната мобилност