Новиот Range Rover пристигнува 2021

Во моментов во фокусот на автомобилската јавност е новата генерација на моделот Defender ( би требало на пазарот да се појави во септември тековната 2019 година), но во Jaguar Land Rover не запираат и подготвуваат и други новитети, а помеѓу нив најинтересен е потполно новиот благороден „теренец“ Range Rover…

Како што пишуваат медиумите во Велика Британија, наредната, пета генерација на Range Rover се очекува во текот на 2021 година и тоа врз новата MLA платформа (Modular Longitudinal Architecture).

Благодарени на  употребата на алуминиум платформата е полесна од сегашната, a прилагодена е и на употреба на plug-in hybrid и на електричен погон.

Во медиумите специјализирани за автомобилизам се почесто се појавуваат информации дека гамата на новиот Range Rover ќе опфаќа и mild hybrid верзии со агрегати на внатрешно согорување со шест цилиндри  со распон ма моќнст од 304, до 406KS.

Потоа, plug-in hybrid варијанта  ( мотор на внатрешно согорување со шест цилиндри, плус два електромотора, со автономија на возење само во електричен мод од 64 km.).

Како и целосно електрична верзија што пред се цели кон купувачите на пазарот во Азија.

Кога станува, пак збор за дизајнот на следната генерација на Range Rover познавачите напомнуваат дека не треба да се очекуваат којзнае колкави промени, туку спротивно на тоа, само еволуција на сегашните дизајнерски решенија.

Како инспирација за изгледот на наредната генерација на легендарниот луксузен и  благороден „теренец“ тие ги посочуваат моделите Velar и Evoque. Но се разбира со многу поголем луксуз во внатрешноста, како и примена на по напредна технологија …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Giulia QV – посебна изведба во егзотични бои!

Претставено мало електрично возило наречено по Хусеин Болт!

KIA најави уште еден мал SUV

Вака изгледа внатрешноста на новата BMW Series1

Новиот Aston Martin на Бонд преполн гаџети за тајниот агент 007!

Во Барселона Lexus со автомобил од вселената во портокалов аранжман!

McLaren го произведен 20.000-от автомобил во Вокинг

Три децении на култната Mazda MX-5 (Miata)

е.Go Life предизвик за град!