Новиот Renault Captur освои 5ѕвезди на Euro NCAP crash тестовите

Новиот Renault Captur го постигна максималните оцени на тестот за безбедност на Euro NCAP освојувајќи 5 ѕвезди, потврдувајќи се и во овој сегмент како лидерот во урбаната SUV класа на европскиот пазар нудејќи им на своите патници активна и пасивна безбедност на највисоко ниво…

По пристигнувањето на пазарот во ноември 2019 година, новиот Captur го положи crash тестот на Euro NCAP со највисока оцена, максимални пет (5) sвезди, во најновата генерација на најстроги тестови.

Cо тоа Captur ги докажа сите свои квалитети во однос на безбедноста на своите патници (возрасни и деца), во однос на пешаците, како и неговиот целосен и ефикасен опсег на системи за помош во возењето.

Врз основа на новата CMF-B модуларна платформа на Алијансата, новиот Captur се приклучува на новиот Clio (исто така со 5 sвезди) на списокот на најбезбедни возила.

Автомобилот има придобивки од оптимизираната структура на каросеријата, ревидираната структури на седиштата и прицврстувањата на безбедносните ремени дизајнирани да обезбедат оптимална поддршка за сите патници со пиротехнички пред затегнувања и ограничувачи на силата.

Потсетуваме Renault е амбасадор за технологија Fix4sure за извонредност во „задршката“ на патниците за да се избегне ефектот на подморница (тонење). Покрај тоа, одличниот дизајн на новиот Captur го олеснува инсталирањето на детското седиште на страничните задни седишта, на isofix и со системот со I-size, за заштитува главата во задните седишта за време на страничните удари.

Новиот Captur има бенефит и од богатата опрема: 6 воздушни перничиња, ABS со помош при нагло сопирање, камера и радари (за помош на одржување во лента, предупредување за пречекорување на брзината со препознавање на сообраќајни знаци, предупредување за безбедно растојание, итно сопирање), регулатор / лимитирање на брзина, предупредување за не употреба на безбедносните ремени на петте седишта, итен повик во случај на несреќа. Покрај тоа, прегледноста е оптимизиран со камера 360 °, стандардни целосни LED предни светла, автоматско активирање на фаровите и електро -хроматски внатрешен ретровизор

Новата електронска архитектура на Captur исто така, овозможи да се обезбеди активно сопирање при итни случаи со препознавање на пешаци, велосипедисти и други возила и да се понуди помош при возење на автопат, како првиот чекор кон автономно возење.

Овие ADAS (Advanced Driver Assistance Systems) достапни на новиот Captur се поделени во три семејства: возење, паркинг и безбедност и тие јасочинуваат етикетата Renault EASY DRIVE.

Нивните поставки се јасно и разбирливо достапни преку екранот на допир на мултимедијалниот систем Renault EASY LINK.

Верзалноста и модуларноста на новиот Captur, го нуди најдоброто во безбедноста во целиот опсег, потврдувајќи ја стручноста на Renault за безбедност за сите нејзини патници и корисници на патиштата.

Со својот обновен дизајн, високо технолошки карактеристики и сите свои иновации, новиот Renault Captur отвора нова ера во стратегијата за производи на Renault Group нудејќи го тоа што е најдобро во безбедноста за водечкиот градски SUV.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест финалисти конкурираат за титулата Автомобол на годината во Македонија

Брз и успешен старт за Ssang Yong и Аутомакедонија

Dacia со секоја година се подобра и подобра

Lada во 2019 со мал пад на продажбата во Европа, но доминира во Русија!

Од Nissan со демант дека бараат развод на „бракот“ со Renault !

Дизелите повторно на удар, нови податоци пак фрлаат дамка на нив

Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Honda Civic Type R во Токио ќе ја покаже освежената појава