Новиот Renault K-ZE со деби на Шангај 2019

Со автономија на струја од 250 km, електричниот урбан кросовер ќе пристигне на кинескиот пазар до крајот на тековната 2019 годинa…

На престојниот саем во Шангај, како дел од својата стратегија за електрификација, францускиот бренд ќе го претстави своето најново електрично достигнување.

Базиран на  Renault K-ZE концепт, електричниот кросовер претстаува шести електричен модел на брендот, а воедно и прв електричен Renault автомобил на кинескиот пазар.

Електричниот супермини со форма инспирирана од SUV за прв пат беше претставен на шоуто во Париз минатата година, кога производителот вети дека производната верзија на K-ZE на кинескиот пазар ќе се појави до крајот на 2019 година, а потоа следи лансирање и на глобалниот пазар.

Урбаниот електричен K-ZE беше претставен со електричен возен опсег од 250 km, сепак, не е познато дали оваа бројка ќе остане непроменета кај производниот модел, кој би можел да има автономија со едно полнење на батериите до 200 km.

Францускиот кросовер е опремен со двоен систем за полнење, компатибилен со домашните 240 волтни приклучоци, како и јавните брзи полначи,а вооднос на дизајнот, новиот електричен Renault изгледа како електрифицирана верзија на Dacia Sandero Stepway.

Напред доминира решетката во V-облик, како и LED дневните светла, а сличноста со Sandero доаѓа до израз во страничниот дел на моделот, особено поради крутиот црн пластичен дел поставен над самите прагови.

Дизајниран за потребите на кинеските купувачи, производниот K-ZE ќе биде опремен со паркинг сензори, рикверц камера, централен инфозабавен екран и вграден уред за сателитска навигација.

Но, ако таа опрема е вообичаена кај возилата на европскиот пазар, во Кина таа дефинитивно ќе го пласира моделов над повеќето електрични модели наменети само за кинескиот пазар.

Новиот Renault K-ZE ќе биде произведен во Кина од страна на компанијата e-GT New Energy Automotive, која е формирана по заедничко вложување од страна на Renault алијансата со Dongfeng, кинеска компанија за автомобили.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претставенa новата генерација на BMW Series 3 Touring

Fiat Toro и Fiat Argo Selection

Промовирана KIA K7 Premier

Пробно производство на Aston Martin DBX

Bentley Flying Spur – ново остварување на супер луксузот

Mercedes-Benz GLB – Нов авантуриста на сребрената ѕвезда!

Новата генерација на Лилипутанецот на струја Renault Zoe со автономија од 400km

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7

Новиот Land Rover Defender на финални тестирања во Кенија!