Новиот Sport Touring на Honda пристига на 21 октомври

Паралелната twin единица со волумен од 1.084 кубни сантиметри, како што се најде на моделот Honda Africa Twin 1100, е одлична единица. Така, не е изненадување што Honda го користи на други мотоцикли како Rebel 1100…

Како што стојат работите, наскоро ќе го видиме овој мотор на уште една креација на две тркала.


Honda објави тизер видео на YouTube, објавувајќи „нова ера на touring“ за мотоцикли. Модел кој јапонската компании ќе носи на европскиот пазар е NT1100X .

Очекуваме  sport touring машина, со посебен акцент на touring, дизајнирана за лесно справување со искачувањето на Алпите, со 101 КС на располагање.

Самиот тизер не открива многу, иако знаеме што да очекуваме. Ќе има странични куфери, top box ( како дополнителни опции), тркала од 17 инчи, и ќе биде слична по големина и тежина со моделот Africa Twin. Очекуваме повеќе каросерија за подобра заштита и подобрена ергономија за долги патувања.


Што се однесува до машината што најавува „new touring era“, нема да треба да чекаме долго за да видиме што ни подготви Honda. Мотоциклот ќе ја има својата европска премиера на 21 октомври.


Засега нема информации за цената, иако е познато дека американската варијанта би можела да пристигне во текот на зимата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati лансира scooter на струја!

Претставен BMW K 1600 за 2022 година

Yamaha MT-03 Iron Man

Zero Motorcycle

Kawasaki претстави ново лого

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката