Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември

Manifattura Automobili Torino (MAT) започнува со производството на моделот Lancia Stratos, наследникот на италијанската спортска легенда – икона на Lancia

Потсетуваме, Lancia Stratos во текот на 1970-те години била апсолутен хит и владетел на светската рели сцена и веќе една деценија се најавува наследник на легендарниот модел.

Автомобил, што бил пред своето време, од своето „пензионирање“, не доби адекватна замена, а денес Lancia во својата понуда остана ограничена на само еден модел и еден пазар.

Прототипот за новиот Stratos дебитираше во 2010 година, финансиран од страна на Михаел Стошек и неговиот син Максимилиaн, а во дизајнот на автомобилот учествуваше и славната дизајнерска куќа Pininfarina.

Во 2018 година, релативно непознатата компанија Manifattura Automobili Torino ги откупи правата за производство на овој модел.

Сега, пристигнува прекрасна вест за сите љубители на овој култен автомобил. Имено, MAT ќе стартува со производството на новиот Stratos, кој ќе биде лимитиран на само 25 примероци.

 

Инаку, новиот Stratos како „донор“ ќе го користи Ferrari F430, односно за секој нов Stratos, ќе треба да се „уништи“ еден F430.

Автомобилот ќе се напојува со 4,3-литарскиот F136 V8 мотор на Ferrari, а во однос на F430, новитетот ќе биде полесен за околу 80 кг поради масивна употреба на карбон, додека растојанието помеѓу оските е скратено за дури 200 мм, со цел да се задржат пропорциите на оригиналниот модел.

 

Според информациите, моторот ќе испорачува 540 КС, што ќе биде доволно новиот Stratos од 0 до 100 км/ч да забрза за 3,3 секунди, а максималната брзина ќе биде ограничена на 275 км/ч.

Новиот  Stratos би требало официјално да дебитира на Salon Prive, кој од 23 до 26 септември ќе се одржи во Бленхајм палатата, недалеку од градот Оксфорд, Велика Британија.

 

„Среќни сме и горди што ќе го прикажеме нашиот нов Stratos за прв пат во Велика Британија на така легендарно место. Salon Prive е совршена локација за нашите автомобили и за искуството кое секогаш се трудиме да го понудиме на нашите клиенти. Со нетрпение очекуваме да го презентираме новиот Stratos во септември во Бленхајм палатата“, изјави маркетинг менаџерот на MAT, Рикардо Гарела.

„МАТ Stratos е брилијантна модерна интерпретација на легендата од 1970-те како и пасијата, вештината и инженерството вклучени во создавањето на овој фасцинантен омаж кои се повеќе од очигледни. Во дизајнирањето на новиот автомобил, Manifattura Automobili Torino ги направи сите напори за да го направи автомобилот да биде колку што е можно ист како оригиналот, дури до кутијата за шлемот вградена во внатрешноста од вратите. Со само 25 примероци, овој автомобил ќе биде навистина редок и навистина сме воодушевени од можноста да го прикажеме автомобилот на нашите гости, од кои голем број се колекционери на суперавтомобили со ограничено производство“, изјави продажниот директор на Salon Prive, Дејвид Бегли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru WRX S4 STI Sport #

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000