Новиот SUV на KIA пристигнува веќе овој месец

Kia официјално објави дека кон крајот на овој месец (декември)  во Индија ќе претстави нов SUV модел што помеѓу другото ќе се одликува и со три реда седишта…

Станува збор за модел кој досега беше познат под шифрата KY, а неговото комерцијално име ќе биде Carens.

 

Официјалната премиера ќе се одржи на 16 декември, а почетокот на продажбата е потврден за почетокот на претстојната 2022 година.

Kia Carens ќе се потпира на други модели од оваа марка (како Seltos и Sonet), додека палетата на мотори најверојатно ќе има 1,5-литарски бензински и дизел мотори.

Производството ќе се одвива во Индија од каде ќе се извезува во други азиски земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година