Новиот SUV на Maserati ќе стаса во 2021 година

Компанијата Maserati официјално го најави доаѓањето на долго очекуваниот, нов, SUV модел во 2021 година, а пред производството ќе започне пред крајот на тековната 2020 година…

Производителот на луксузни спортси креации на четири тркала од Италија Maserati потврди дека новиот SUV ќе се појави на пазарот во 2021 година, што е  една година порано од очекуваното, со најава за нова  електрифицирана понуда.

Детали за новиот SUV на Maserati засега нема многу, освен дека Maserati ќе вложи 800 милиони евра во изградба на нова производна линија која ќе започне кон крајот на првиот квартал од годината.

Концептот и продукциската верзија на моделот би можеле да го видиме наскоро ако Maserati планира да ги има првите пред продукциски модели до крајот на годината.

Тоа значи дека новиот SUV би можеле да видиме во мај, а Maserati претходно со „тизери“ навести дека нешто би можело да се случи во текот на истиот месец.

Иако на почетокот се мислеше дека најавите се однесуваат на  долго очекуваниот Alfieri, сега преовладува мислењето дека  би можело да станува збор за било кој друг производ на италијанскиот бренд.

Инаку во однос на плановите на Maserati, мора да се каже, секогаш биле флуидни и подложни на промени, а особено кога станува збр за роковите.

Така, во 2018 година, Maserati  имаше намера да ги замени застарените модели со нови, во исто време зголемувајќи ја понудата, во нови сегменти, една година подоцна, работите се променија, така што видовме освежувања, наместо темелни рестилизации, барем засега.

Тоа е вовед во најавата и  првиот увид во новиот SUV, предвиден за 2021 година, една година порано од она што првично се очекуваше.

Во однос на новиот  SUV се знае и дека ќе биде позициониран под Levante, со што Мaserati освен што ја збогатува понудата го форсира и високко профитабилниот SUV сегмент, бидејќи купувачите продолжуваат да покажуваат засилен интерес за crossover моделите и им даваат предност во однос на sedan и coupe моделите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците ќе ги задржат бубрезите на маската на моделите и во електричната ера

Европа наопаку, а Русите правилно!?!?

Се продава Jaguar XK120 Roadster што бил сопственост на Клерк Гебел

Mercedes-Benz слави 120 години на постоење

Претставен новиот Fiat Strada

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување