Новиот SUV со трозабецот на Нептун -Maserati Grecale

Maserati неодамна ги објави своите планови за неколку нови возила за кои се најавува дека ќе се развиваат, електрификуваат и произведуваат на домашен терен, во Италија…

Станува збор за модели со комбинација на типични карактеристики на возење на брендот Maserati и батерии од следната генерација, кои ќе овозможат долг дострел и можност за ултра-брзо полнење.

Се разбира, не се објавени сите детали, но најавено е дека ќе имаат водечка улога за брендот благодарение на иновативните технологии.

За почетници, тука е идниот SUV Grecale  (именуван по медитеранскиот ветер), кој ќе биде нешто малку помал од сегашниот модел Maserati Levante.

Оваа новина ќе се појави во производството во 2021 година, во фабриката Касино.

Неговата промоција се очекува во пролетта 2021 година, а ќе се базира на платформата Giorgо што меѓу другото ја користи и Alfa Romeo Stelvio.

Според претходните најави, Grecale ќе има распоред на тежина од 50:50, најдобар сооднос моќ / тежина во класата, лесна платформа и „супериорно“ управување.

Новите информации велат дека покрај целосно електричната верзија, Grecale ќе биде достапен и со 3,0-литарски twin-turbo V6 бензинец, и веројатно со 2,0-литарски благ (mild)-хибриден бензинец со 325 КС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi Q5 Sportback без маска

Новата Fabia пристигнува вгодина

Ford ја претстави Puma ST- перформанс crossover „жешка ѕверка“

Подновениот Range Rover Velar и со plug-in hybrid верзија

Peugeot 508 PSE официјално претставен

И официјалнјо претставен електричниот VW ID. 4

Новиот Renault Megane Conquest – Хибриден SUV Coupe за Стариот континент

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

VW со големи планови за ID.4