Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Атрактивниот Roadster е веројатно еден од најочекуваните автомобили на денешницата бидејќи поминаа скоро три години откако имавме можност да видиме прототип на овој модел…

Првично се планираше Roadster да се појави на пазарот оваа година, но тоа е одложено за 2022 година, па логично е да се очекува дека следната година ќе се вжештат промотивни активности поврзани со овој автомобил.

И, има ли подобри промоции за кој било перформанс автомобил од постигнување на рекорд на Нирбургринг?

Тоа не е прв пат Tesla да се упати кон  „Зелениот пекол“.

Маск, шефот на Tesla, испратил неколку примероци од модифицираниот модел S, кој треба да го носи суфиксот Plaid.

Иако според снимките и наводите на Маск, може да се заклучи дека овој автомобил бил исклучително брз, ние бевме лишени од официјални податоци  за перформансите.

Можно е Tesla да го чека вистинскиот момент да објави информации во врска со моделот S и постигнувањата на легендарната патека.

Слично ќе биде и со Roadster, чија изведба „на хартија“ навистина ветува многу.

Да потсетиме, на презентацијата на Roadster, Елон Маск рече дека овој модел на Tesla ќе може да спринтира од 0 до 100 км/ч за помалку од 2 секунди, и дека максималната брзина ќе биде поголема од 400 км/ч!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Понудата на Dacia драматично се менува

Изнервиран од чести дефекти го запали својот Mercedes-AMG GT 63 S 4door

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!