Новиот Toyota Land Cruizer пристига наредната 2021

Производството на актурлната генерација на големиот „теренец“ од Јапонија – Toyota Land Cruiser, стартуваше пред речиси 13 години ( 2007-та), што воедно го прави и еден од најстарите SUV возила на автомобилскиот пазар во овој момент…

Но, поклониците на јапонскиот бренд не треба да стравуваат за неговата иднина и популарност, бидејќи новата енерација, е веќе тука, односно ќе се појави во наредната 2021 година.

Од информацијата пласирана од јапонскиот маагазин BestCarWeb, може да се констатира дека новата генерација на ова возила ќе биде опремен со нов хибриден погонски систем.

Од написот може да се види дека таа погонска единица ќе се базира всушност врз истата што се имплеметира и во луксузната марка – Lexus, инаку во целосна сопственост на Tojota, поточно во моделот LS 500h.

Таа погонска единица ќе понуди моќност од 295 KS и 356 Nm максимален момент на вртење, но не е и исклучено да биде и помоќна, па дури и поефикасна.

Електрифицираниот погон би требало да пристигн во комбинација со без степен (CVT) менувач за пренос на силата, како и погон на сите четири тркала ( ништо помалу и не очекувавме).

Тој погонски систем треба да биде замена за актуелнит бензински мотор, со осум цилиндри поставени во форма на латинската бува „ V“, со работен волумен од 4,6-литри.

Покрај тоа, новиот Land Cruiser, поради промената на архитектурата би требало да биде и полесен од својот претходник (актуелната генерација) а исто така, новитетот ќе биде проследен и со серија на визуелни и технолошки унапредувања.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Poletar го покажа возачкиот простор од иднината

Спортски Peugeot 508 co Hybrid погон до крајот на 2020

Volkswagen Touareg R со plug-in hybrid систем

Официјално претставена DS9 – Француска преиум лимузина создадена да успее!

Електричен Fiat 500e без маска

Новиот Volkswagen Caddy новиот крал кај возилата за дотур!

Cupra Leon, шпанската икона станува plug-in hibrid!

Ултимативна Honda Civic Type R со Sport Line и Civic Limited Edition

Peugeot го лансира својот прaктичен работник – pick up модел Landtrek