Новиот Triumph Trident во 2021!

Triumph Motorcycles објави дека ќе го оживее името Trident, што ќе се најде кај модерната генерација на новиот roudster од средна класа, чие доаѓање на пазарот е планирано за следната година…

Заедно со најавата, британскиот бренд донесе и ексклузивен увид во изгледот на прототипот што е во развојна фаза.

Очекуваме официјална презентација во следните недели, а продажбата треба да започне во првата половина на 2021 година.

Со оживување на името кое последен пат беше активно во текот на 60-тите и 70-тите години од минатиот век, добиваме нов модел во roudster сегментот, позициониран помеѓу машините Speed ​​/ Street Triple и Classic.

Trident е резултат на четиригодишна програма за развој која има за цел проширување на модерната палета на британската компанија, истовремено одржувајќи препознатлив јазик за дизајн и прилагодувајќи ја новата машина на „стилот и ставот“ на сегашната понуда на реномираната марка.

За да ја покаже естетиката на Trident, од Triumph претставија прототип, зад чија изработка стои Родолфо Фрасколи, човекот кој го создаде новиот Tiger 900. Иако станува збор за недовршен производ, од компанијата наведуваат дека изгледот е многу сличен со производната варијанта.

Засега нема конкретни детали за новиот Trident, а тука мислиме на капацитетот на неговиот мотор со три цилиндри кој доаѓа на моделите Street and Speed ​​Triple во варијанта од 765 кубни сантиметри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster

Нов Peugeot Metropolis

Пристига Ducati Monster 821

Пристигна Bimota Tesi H2

Пристигнува електричен скутер Husqvarna E-Pilen

Во свитата на Путин наскоро и електричен мотоцикл Aurus Escort

Вака би можел да изгледа електричниот „супер бајк” на KTM