Моделот Passat на Volkswagen оваа година го слави својот 50-ти роденден и како што му доликува на автомобил што израсна во икона, ќе добие големи козметички промени…
Шефот на брендот Volkswagen, Томас Шефер (Thomas Schaefer), го потврди доаѓањето на деветтата генерација на Passat во септември. Шефер изјави за Automotive News Europe дека новиот Passat ќе се појави на европскиот пазар во септември, но само како вагон, што значи дека нема да има седан.
Пазарот на седани на Стариот континент брзо се намали, но купувачите кои сè уште сакаат традиционална форма сè уште имаат опција во групацијата Volkswagen, а тоа е моделот Superb на Škoda. Чешкиот предводник е базиран на истата платформа како и Volkswagen Passat, а неговата нова генерација ќе пристигне пред крајот на годината како седан и караван.
Поточно, Škoda Superb ќе пристигне како liftback, а не како вистинска лимузина со посебен и со голем обем багажник, пренесуваат информативните портали во регионот. Она што е интересно е фактот дека Škoda беше одговорна за развојот на Superb и Passat.
Шефер изјави дека ова илустрира колку тесно соработуваат брендовите на VW за разлика од минатото, но сепак ја одржуваат својата независност и идентитет преку различни дизајни. Она што можеше да се види на шпионските фотографии на рускиот магазин Kolesa.ru е дека новиот Passat ќе има малку поспортски изглед со малку поизразен пад на задното стакло.
Напред ќе има тесна решетка на ладилникот, како што е случајот со Volkswagen Golf од осмата генерација, додека во внатрешноста ќе има голем „таблет“ чувствителен на допир, исто како и дигитална инструмент табла. Ова може да биде и последната генерација на Passat, но дефинитивно е последна со конвенционален погон. Најголем дел од понудата ќе биде 1,5 литарски благ (mild) хибрид или 1,5 литарски plug-in хибрид (мотори со четири цилиндри). Електричниот опсег на овие хибриди би требало да биде до некаде 100 километри.
Volkswagen го пренамени поранешниот производствен погон на Passat во Емден, Германија во фабрика за производство на VW ID.4 и идниот VW ID.7, така што VW Passat и Škoda Superb ќе се произведуваат во Братислава, каде што инаку се произведуваат и електричниот градски автомобил VW e-Up, потоа Audi Q7, но исто така се произведуваат и премиум моделот Porsche Cayenne и големиот SUV модел VW Touareg.