Новиот VW Passat пристигнува 2021 или 2022 и тоа на струја!

Еден од продажните хитови од Волфбург, Volkswagen Passat станува електричен и пристигнува веќе во 2021 година, како дел од електричнта офанзива на производителот на автомобили од Германија…

Информациите што пристигнуваат преку големата бара велат дека Volkswagen Passat се подготвува за „крај на кариерата“ како модел со мотори со внатрешно согорување и преминува да вози на чисто електричен погонски систем.

Јохам де Нисхен, првиот човек на VW групата во САД, не открива кога овие промени ќе се случат, но во актуелната констелација мали се шансите тоа да се случи до крајот на тековната 2020 година.

Имено, продажбата на новиот (подновениот)  Passat на пазарот во САД е во надолна патека, а затоа говори податокот дека во 2012 година продадени се 117.023 возила, а во 2019 само 14.123 возила и тоа многу ги загрижи челниците на компанијата.

Така, Passat ќе се обиде да се врати во игра преку пазарот на електрични автомобили, што не би требало да биде изненадување особено ако се погледне ID. Vizzion концептот од 2018 година претставн на салонот за автомобии во Женва , што неодоливо потсетува на Passat.

Познавачите велат дека I.D. Vizzion концептот би можел да биде основата на која би се градела електрична верзија на иднат генерација на популарниот модел од ниската средна класа – Passat.

Со платформата која ја дели со ID.3 hatchback моделот, што овозможува заден и погон на сите четири тркала, по изложбениот примерок во Женева, следуваше караван верзијата што беше промовирана следната 2019-та година на Салонот за автомобили во градот на Ангелите.

На таа интернационална манифестација од Volkswagen ја потврдија сериската верзија за 2021 година, што, нај веројатно ќе пристигне во продажните салони како модел за 2022-та.

Со оглед на времето потребно за промена на генерацијата на моделот, се чини дека автомобилскиот гигант од Германија прави вистински потези и во одличен временски тајминг, за да се поклопат сите фактори, од подготвеноста на пазарот, усовршување и подобрување на технологијата (особено таа за батериите и нивниот капацитет и ефикасност) ….

Освен тоа американскиот модел, кој е позициониран според престижот под европскиот, се очекува прв да го усвои електричниот погон, со цел да се привлечат нови купувачи и да ги врати тие што ги загуби по Dieselgate аферата.

Потсетуваме моделот VW Passat во верзијата наменета за пазарите во САД  неодамна беше редизајниран, но тоа малку ќе му помогне бидејќи таа верзија е стара речиси десет години и дизајнерски е далеку од европската верзија.

Со оглед на продажбата, во овој момент Passat не е конкурентен на големиот број бизнис лимузини на американскиот пазар и промените се повеќе од неопходни.

Во Европа не треба да се очекуваат такви радикални потези бидејќи конвенционалниот Passat е се уште исплатлив производ за гигантот од Волфбург носејќи му добри приходи.

Како и да е комбинацијата  од  батерија со капацитет од 111 kWh и моќ од 355 КС се неоспорни адути на Passat EV во пазарната пресметка со главниот конкурент Tesla Model 3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење

Пристигна Lucid Air убиецот на Tesla – закана со основа

Land Rover Defender P400e plug-in hybrid

Porsche планира целосно електрична Panamera!