Новите BMW Series 5 и X1 ќе добијат електрична верзија

Следните генерации на BMW Series 5 и X1 моделите ќе бидат достапни и со целосно електричен погон, се покрај сѐ уште бараните и потврдени бензински, дизел и како премин кон целосно електрични, plug-in хибридни опции…

Тоа е дел од плановите на Баварците за намалување на емисијата на CO2 по возило, за барем една третина за целосниот животен век на возилото до 2030 година.

Гигантот од Минхен е подготвен да пласира 25 хибридни и електрични модели до 2023 година.

Следните генерации на BMW Series 5 и X1 моделите ќе ги следат чекорите на Series7 за 2022 година, кој ќе стане првиот BMW кој ќе биде достапен со сите типови на погон, вклучително и целосно електрична варијанта.

Стандардните бензински и дизел варијанти за следните BMW Series 5 и X1 како и Series 7 ќе добијат блага хибридна 48-волтна технологија исто така, што дополнително ќе помогне за BMW да ги достигне своите цели кога станува збор за емисијата на CO2.

До крајот на 2021, гамата на електрични возила на BMW ќе вклучува не помалку од пет модели, вклучително и i3 кој веројатно ќе пристигне со унапредување на батеријата, потоа iX3, i4, новиот iNext SUV и Mini Cooper SE.

„Не правиме само апстрактни најави – ние имаме развиено детален десетгодишен план со годишни цели за до 2030 година. Ќе го пријавуваме нашиот прогрес секоја година и ќе се мериме во однос на овие цели“, изјави Оливер Ципсе, првиот човек на BMW.

Од BMW додаваат дека тие се на патот да ги пресретнат строгите регулативи на Европската унија за флотната емисија на CO2 оваа година.

Германскиот производител има за цел да има повеќе од седум милиони електрифицирани модели на патиштата за 10 години, а две третини од нив да бидат целосно електрични.

Компанијата не објави никакви технички детали или датум за лансирање на електричните BMW Series 5 и X1.

Сепак, BMW се очекува да користи сличен склоп со неодамна претставениот iX3, кој користи електромотор со 282 КС поставен на задната осовина и батерија со капацитет од 80 kWh

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV

Над милион јавни полначи за EV ширум светот

Audi брзината на процесорите поважна од бројот на КС

Групацијата FCA со партнерот Waymo уште поблиску о возење без возач!

Покажан првите примероци на хипер автомобилот Bugatti Divo