Новите Jaguar F-Pace и Jaguar E-Pace стасаа на нашиот пазар

Новите Jaguar F-Pace и Jaguar E-Pace пристигнаа во салонот на Аutomobili Group, во Скопје уште еднаш потврдувајќи ја високата класа,  со впечатливиот дизајн, ефикасните двигатели и напредната технологија …

Со својата импресивна атлетска става динамични заоблени линии што евоцираат на славните класици на брендот подновениот за 2021 година Jaguar E-Pace ве освојува веќе на прв поглед. Покрај внатрешноста и екстериерот, има и нова архитектура на возилото и ефикасен PHEV и благ хибриден електричен погон.

Со освежен екстериер, подобрен ентериер, најновиот систем Pivi Pro, нова архитектура на возилото и избор на моќни и ефикасни мотори – вклучувајќи го и напредното Plug-in-хибридно електрично возило (PHEV), новиот Jaguar E-PACE е уште помоќен, поповрзан и рафиниран и поефикасно од кога било.

Што се однесува до надворешноста, рафинираната надворешност го подобрува самоуверениот изглед и впечаток на луксуз на компактниот и моќен теренец на Jaguar.

На предниот крај, нвите целосно LED предни светла со дневно светло (DRL) со светлосен потпис во форма на J, достапни со опција во Pixel LED технологијата, обезбедуваат зголемена резолуција и интензитет на зракот. Одлично се вклопени во дотераната решетка .

Функцијата Adaptive Driving Beam го проверува патот пред возилото и автоматски ја прилагодува шемата на долгото светло со гаснење на одделни LED сегменти според возилата што доаѓаат во пресрет, или сообраќајните знаци, за да се постигне оптимална видливост и да се намали отсјајот без да се вознемируваат другите возачи., доаѓа кај моделите S, додека возилата со SE и HSE имаат Premium LED предни светла со функција за автоматско долго светло. Оваа технологија ја користи предната камера за автоматско префрлување помеѓу ниско и долго светло. Задните секвенциални трепкачи се стандардни кај моделите S, SE и HSE, додека предните секвенциални трепкачи се вклопуваат во изведбите на SE и HSE.

Внатрешноста зрачи со исклучителен луксуз, подобрена поврзаност и уште поголема софистицираност.

Во срцето на новиот ентериер е интегриран, закривен екран на допир со големина од  11,4 инча во центарот на контролната табла, кој го контролира новиот информативно-забавен систем Pivi Pro.

Металните украси на звучниците и металните отвори за воздух што заедно со елементи како што се метални управувачи, даваат силен впечаток на луксуз.

На новиот обрач на управувачот, кој е обликуван според дизајнот на целосно електричниот, моќен теренец, I-PACE, има прекинувачи кои се скриени додека не се запалат металните мали лостови на менувачот.

Најголемата новост е новиот погонски агрегат P300e PHEV, кој успешно комбинира 1,5-литарски турбо бензински мотор со три цилиндри и моќ од 200-од семејството Ingenium и електромотор на задната оска од 109 КС (80kW) (Електричен погон на задната оска – ERAD).

Тој нуди можност за возење до 55 км со нула емисии на издувни гасови, во електричен режим и со емисија на СО2 во мешано возење од 44 г / км и потрошувачка на гориво до 2,0 л / 100 км (ко,биниран циклус според WLTP TEL).

Ова резултира со импресивни перформанси и ефикасност, забрзувајќи од 0 до 100 км / ч за 6,5 секунди.

Секако, за љубителите на класиката, постојат и докажани бензински мотори (од 160 КС до 300 КС) и дизел (163 и 204 КС), а сите мотори користат електричен стартер / генератор со погон на ремен (Интегриран генератор на стартер генератор – BiSG).

Повеќето модели имаат интелигентен систем на погон на сите тркала на Jaguar, при што сите верзии со три цилиндри и погон на сите тркала се споени со осум степен автоматски менувач, додека моделите со четири цилиндри користат девет степен автоматски менувач.

Рачниот менувач доаѓа исклучиво со дизел мотор со моќност од 163 КС и погон на предните тркала.

Вториот новитет на домашниот пазар на Jaguar е освежениот F-Pace модел за 2021 година кој пристигнува со неколку унапредувања, промени и проширен гама со нови помоќни и почисти агрегати….

И тука од старт ве освојува ликот со новиот сет на Full LED предни светла заедно со Double J Blade дневни светла, како што ги нарекуваат во Jaguar.

Новите светла ја врамуваат зголемената решетка и вклучуваат Standard High Beam Assist што користи предната камера. Мускулеста хауба и ревидирани странични отвори за вентилација даваат акцент на дотерувањето однаперед.

Промените се забележливи и на задниот дел, каде што се истакнуваат новите светла со препознатлива графика.

Внатрешноста на F-Pace е темелно унапреден со новиот 11,4-инчен заоблен стаклен HD екран на допир со куќиште од магнезиум при што го користи најновиот Pivi Pro информативно забавен систем на комапнијата.

Системот поддржува Apple CarPlay и Android Auto, како и можност за конектирање на два телефони истовремено преку Bluetooth.

Плус на овој екран, сега се нуди и 12,3-инчниот HD Interactive Driver Display дигиталната инструмент табла а ги краси засилена графика и подесувачки изглед кој вклучува и 3D мапирање.

Измените во внатрешноста се однесуваат на: новиот Drive Selector, меки и квалитетни материјали и новите алуминиумски акценти. Променета е и централната конзола, а и новите седишта со функции за греење и ладење и ново амбиентално осветлување.

Освежениот F-Pace доби и Active Road Noise Calcellation и Engine Noise Cancellation кои ги придушуваат звуците од патот и моторот.

Новина е и Electronic Vehicle Architecture на Jaguar кој овозможува и бежични софтверски унапредувања.

На европскиот пазар, Jaguar F-Pace ќе понуди поголем гама на мотори: P400e plug-in хибридната варијанта која произведува вкупно 404 КС од 2,0-литарскиот турбо бензински мотор и електромоторот од 105 kW. Ваквата комбинација  од 0 до 100 км/ч забрзува заа околу пет секунди.

Тука е и 3,0-со шест цилиндри во линија бензинец со 400 КС.

Основниот модел се одликува со 2,0-литарски турбо бензинец со 250 КС.

Следуваат експлозивниот но ефикасен, со шест цилиндри турбо дизел мотор со 300 КС.

Послабата дизелска верзија е 2,0-литарски агрегат во две варијанти со 163 и 205 КС.

Сите мотори кои ќе бидат во понудата доаѓаат во комбинација со осум степен автоматски менувач кој моќноста ја испраќа на сите четири тркала.

Конечно о за цените на овие два атрактивни SUV модели на нашиот пазар.

Моделот Jaguar E-Pace S 165 AWD A9, со 2,0 литарски бензинец, со 165 K и максимален вртежен момент од 380 Nm, во комбинација со девет степен автоматски менувач на брзини и Ѕ ниво на опрема, со промотивниот попуст чини 59.900 евра.

Поголемиот Jaguar G-Pace S со мотор со иста работна зафатнина, нп со моќност од 204 КС и 400 Nm, максимален вртежен момент со осум степен автоматски менувач и исто така Ѕ ниво на опрема, со промотивен попуст чини 71.990 евра

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Seat Leon доби нов TSI мотор со 190 КС

MY AMI CARGO: УНИКАТНО И ПАМЕТНО ЕЛЕКТРИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Конечно пристигна четвртата генерација на Škoda Fabia

Наскоро мал SUV на Fiat

Новата генерација на Suzuki Swift Sport пристига 2023

Aiways U6

Најавен нов Volkswagen Multivan

BMW Series 2 Coupe веќе летово, а М дури на почеток на 2023 година

И официјално нова Honda Civic