Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Fiat ги претставува своите хибриди опремени со напреден систем за филтрирање на воздухот…

Светот полека се враќа во рутина која е далеку од онаа пред пандемијата, но сепак е колку – толку нормална. Кој знае, можеби во иднина ќе се говори повеќе за хигиената, а помалку за големината на елемнти во возилата.

Односно, начинот на филтрирање на воздухот во кабината би можел да стане поинтересен од големината на екранот.

Fiat е подготвен за тоа, па сега нуди систем D-Fence на одредени модели, хибридни верзии на Pandа и на 500. Позната е и цената, која во случајот со Pandа изнесува 9.820 евра, а 500 е за помалку од илјада поскапа. За овој еквивалент, клиентот доби автомобил опремен со нов високо ефикасен систем за филтрирање на воздухот, како и UV ламба за дезинфекција на површини во автомобилот.

Ако се вратиме на хибридна технологија, знајте дека станува збор за благ (mild) хибриден концепт, кој се состои од 1.0 FireFly трицилиндричен бензински мотор од 71 КС, батерија Li-Ion и стартер генератор. Вториот е под напон од 12V и придонесува со само 3,6 kW.

За време на постојана брзина на крстарење, бензинскиот мотор се исклучува, а Fiat вели дека емисијата на СО2 е до 30% пониска.

И сега следува најдобро,  Fiat ги понуди овие модели преку единствен систем за финансирање по цена од 4 евра/ ден, што го става на ниво на услуги за јавен превоз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS

Maserati со одлука што може скапо да го чини- нема повеќе да користи мотори од Ferrari!

Lucid Air со најголема аеро-ефикасност на светот