Новите модели на Mazda сами ќе може да запрат во случај на здравствен проблем на возачот

Автомобилите веќе знаат самите да се паркираат, ги предупредуваат возачите на поспаност, сами се враќаат на коловозната лента и предлагаат рути до саканата дестинација…

Споредед специјализираните поратали , возилата кои Mazda ги има во план за јапонскиот пазар ќе знаат да препознаат ситуации во кои возачот има срцев или мозочен удар.

До 2025 година автомобилите дури ќе можат да предвидат дали има потенцијален здравствен проблем и соодветно да го информираат возачот, вели јапонскиот производител на автомобили.

Целиот процес вклучува податоци собрани од камерите во автомобилот, без прибегнување кон ласерски сензори или пак, некоја друга повеќе екстремна технологија.

Затоа, системот ќе биде достапен и во поевтини модели, не само во луксузни.

Новата технологија секако ќе биде корисна во едно од најнапредните и во просек најмодерни општества во светот.

Mazda неодамна објави дека соработува со медицински експерти, вклучувајќи ја и Универзитетската болница Цукуба, истражувајќи податоци кои го одредуваат изгледот на здрав возач во споредба со оној кој колабирал и ненадејно се наведнал над воланот.

Во моментот кога ќе го препознае проблемот, Co-Pilot Concept, кој допрва треба да добие официјално име, ја презема контролата и што поскоро го запира возилото на безбедно место.

Во исто време се огласува сирена, како и сите четири трепкачи, иако точните предупредувачки сигнали се уште не се решени.

Во системот е вклучен и автоматски повик до брза помош и итните служби, како и полицијата.

Другите производители на автомобили, вклучително и германскиот Volkswagen и јапонската Toyota, работат на слична технологија.

Mazda планира да го понуди новиот систем во Европа набргу по неговото лансирање во по Јапонија.

Овој јапонски бренд сака да почека и да види дали да ја пласира технологијата во САД, бидејќи смета дека остануваат нерешени прашања поврзани со општественото прифаќање, иако веќе се нудат слични системи на ривалски брендови, способни да го запрат возилото.

Што се однесува до грижата за приватноста, личните податоци не го напуштаат автомобилот, велат во Mazda.

Такахиро Точиока, инженерот задолжен за проектот, вели дека Mazda работи на начини кои би можеле да предвидат постоење на здравствен проблем во најавата, дури и пред возачот да биде свесен за тоа.

Она што ќе го следи автомобилот е способноста на луѓето да го фокусираат погледот, евентуално тресење на главите, мали отстапувања во навиките при возење и други суптилни промени.

„Ќе ги предупредат возачите уште пред да се појават симптомите“, вели самиот Точиока.

„Меѓутоа  разбирањето и соработката со другите возачи ќе биде клучно за оваа технологија да има смисла“.

Mazda се надева дека луѓето ќе го забележат возачот во неволја и ќе му помогнат, бидејќи таквата солидарност е карактеристична за Јапонците.

Оваа технологија ќе им овозможи на луѓето да возат во подоцнежна возраст, што ќе ги направи членовите на семејството и пријателите порелаксирани, смета, меѓу другото Точиока.

Покрај тоа, овој систем ќе и овозможи на Mazda да добива повратни информации од корисниците од нивниот реален живот и мобилност и сето тоа, во реален простор и време.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Електричните автомобили зиме трошат 25% повеќе струја

Ford и GM здружуваат силите со производители на чипови