Новите регулативи имаат за цел да ги спречат кинеските „паметни автомобили“ да собираат чувствителни информации за Американците

Кинеските производители на автомобили сакаат да постигнат силно пробивање на големиот американски пазар, каде во моментов нивните автомобили не се конкурентни на пазарот поради високите царини, па затоа истражуваат алтернативи со производство во Мексико, бидејќи тогаш нивните автомобили нема да бидат царинeти во САД…

Меѓутоа, американската администрација сега размислува за воведување нови правила во врска со заштитата на чувствителните податоци.

Белата куќа, всушност, веќе активно работи на регулативи кои би ја ограничиле способноста на кинеските производители на автомобили да ги пласираат своите технолошки напредни модели на пазарот во САД, дури и ако автомобилите се склопуваат во мексиканските фабрики за да се избегнат царините за кинеските производи. Целта на овие регулативи е да се заштити приватноста на податоците на Американците, пренесуваат новинските агенции.

Новите прописи, особено, имаат за цел да ги спречат кинеските „паметни автомобили“ да собираат чувствителни информации за Американците и да ги пренесуваат во земји кои претставуваат ризик за безбедноста на податоците на американската влада.

Администрацијата изрази загриженост дека богатството на податоци собрани од високо поврзаните кинески „паметни автомобили“ може да се користат за ефикасно шпионирање на Американците, иако кинеските регулативи бараат податоците да се чуваат само во нејзините граници.

Некои извори му открија на Bloomberg дека администрацијата на Бајден би можела да издаде нова извршна наредба за заштита на приватноста на податоците.

Сепак, САД не се единствената земја загрижена за употребата на податоците собрани во автомобилите.

Во Кина, имено, американските автомобили Tesla Motors, кои се произведуваат таму, се соочуваат со забрана за влез на одредени воени локации на територијата на земјата поради страв дека камерите на нивните возила би можеле да се користат за шпионирање на кинеската армија.

И покрај високите царини наметнати од претходната администрација на Трамп за да ги одвратат кинеските производители на автомобили да влезат на американскиот пазар, извештајот сугерира дека сегашната администрација на Бајден размислува за промени на постојната царина од 27,5 проценти.





НАЈНОВИ