Новите згради во Велика Британија ќе мора да имаат приклучоци за полнење EV

Новите згради во Велика Британија од следната година ќе мора да имаат приклучоци за полнење на електрични автомобили, предвидува новиот закон што го објави кабинетот на британскиот премиер…

Се очекува законот да донесе до 145.000 нови приклучоци годишно до 2030 година, кога Велика Британија планира да ја забрани продажбата на нови бензински и дизел автомобили.

Приклучоците ќе треба да имаат новите и станбени и деловни објекти, како што се деловен простор и супермаркети, како и оние што се реновираат или имаат повеќе од 10 паркинг места.

По консултации со индустријата, владата одлучи да го олесни и забрза преминот кон електрични возила и опцијата за бесконтактно плаќање на сите нови точки за брзо и супербрзо полнење.

Забрзаното инвестирање во инфраструктурата за електрични возила е составен дел од стратегијата за постигнување на стратегијата ( Net Zero Strategy ) што ја објави британската влада минатиот месец.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

UAZ од Русија го напаѓа пазарот на теренски возила во САД

Новиот FIAT 500 со 19 –та награда во Европа

ŠKODA AUTO со тренинг Академија за продажба и пост-продажба

Toyota Venza sportski crossover дебитира во Кина

Hycan Concept-S

Honda e:N SUV Concept & Honda e:N Coupe Concept

Citroen CX5 јуриша на австралискиот пазар

Колку заработуваат производителите на автомобили

И тоа се случува и Rolls Royce отповикува свои автомобили!!!!