Ново поевтинување на горивата

Повторно Регулаторната комисија за енергетика ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја…

Така цена на горивата од вечерва на полноќ на бензинските пумпи низ земјата повторно ќе биде намалена, одлучи РКЕ.

Регулаторната комисија, во согласност со нивната методологија за одредување на цените на нафтените деривати, одлучи да ја намали цената во просек за 2,93 % споредено со цените од претходната недела.

Според новата одлука, цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се намали за еден денар по литар гориво.

Од друга страна, цената за Еуродизел се намалува за 1,50 денар.

Во согласност со тоа, Еуросупер БС-95 од вечерва на полноќ ќе се чини 58,50 денари од литар, Еуросупер БС-98 – 60,50 денари, додека пак Еуродизелот ќе се точи за 49 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатата недела бележат намалување кај бензинот во просек за околу 5,950%, односно кај дизелот намалување во просек за околу 9,99%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volvo планира да издаде зелени обврзници

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите