Ново предупредување од главниот шеф на Stellantis

Нема соволно резерви на литиум за да се задоволат плановите за побарувачката на нови електрични возила…

На конференцијата организирана од Stellantis, извршниот директор на голем автомобилски концерн, Карлос Таварес (Carlos Tavares), истакна дека можеби нема доволно литиум за да се замени секое возило со внатрешно согорување со електрично возило.

Производителите на автомобили со полна пареа ги туркаат своите планови за електрични возила, но прашањето е набавката на суровини за производство на милиони батерии потребни за производство на електрични автомобили, пренесуваат специјализираните портали.

 

Говорејќи на Форумот за слобода на мобилност, пренесува Detroit News, Таварес ја изразил својата загриженост за суровините, особено за литиумот:

– Знаеме дека ни треба литиум и дека не го произведуваме онолку колку што ни треба. Во моментов имаме 1,3 милијарди автомобили со внатрешно согорување. Мораме да го замениме со чиста подвижност, а тоа ќе бара многу литиум. Не само што нема доволно литиум, туку ископувањето на литиум може да создаде други геополитички прашања.

Таварес очекува Stellantis да ги исполни своите цели, но тој сепак изрази фрустрација поради, како што рече, нефлексибилните регулативи ширум светот кои се фокусирани исклучиво на електрични возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aналитичарите гледааат значаен потенцијал во акциите на Ferrari

FIAT водечка автомобилска марка во групацијата Stellantis

На автопатиштата во Јапонија ќе има лента за автономни возила

Јужна Кореја co финансиска помош за производители на батерии

Новиот Fiat Punto ривал на Dacia Sandero

Haval Ruge и Haval Ruge Max

Toyota Motor Manufacturing Turkey

Големата понуда на автомобили може да поттикне „војна на цените“

KIA малите електрични автомобили ќе ги прави во Европа