Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Подеднакво импресивна беше и цената од околу 42.000 евра, која во меѓувреме се промени и сега изнесува близу 55.000 евра.

На пазарот има се повеќе електрични мотоцикли, но моделот со име Novus е сосема поинаков од неговите конкуренти.

Премиерно беше прикажан во јануари, на настанот CES во Лас Вегас, каде Novus  привлече големо внимание со својот необичен изглед, како и со импресивната рамка од јаглеродни влакна и суспензијата.

Да не зборуваме за тежина од само 75 килограми!

За дадените пари, возачите ќе добијат машина со 25 КС и 200 Nm максимален вртежен момент, што е доволно за максимална брзина од 120 км/ч.

Предната суспензија е моно вилушка со „од“ од 90 mm.

Мотоциклот има три режими на возење. Основниот режим обезбедува 40% од вкупната моќност, Super дава 70%, а God обезбедува пристап до максимална моќност и вртежен момент.

До режимите се пристапува преку таблата со инструменти или преку паметен телефон, кој се поврзува со мотоциклот преку Bluetooth.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volcon Grunt електрична of road машина на две тркала

Пристигнува нова Suzuki Hayabusa

Ducati повторно на продажба

Електричен мопед Segway eMoped C80

Kawasaki офанзива- во наредните месеци шест новитети

Benda LF-01 concept

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Italjet Dragster

Нов Peugeot Metropolis