Nvidia и Mercedes креираат компјутер за возила од нова генерација

За време на заедничката прес-конференција, Nvidia и Mercedes најавија дека ги здружуваат силите во развојот на револуционерниот компјутерски систем за возила, што ќе се најде во луксузни автомобили во 2024 година….

Според нив, тоа ќе биде најсофистициран и најнапреден компјутерски систем за поддршка при возење, со четири нивоа на поддршка.

Ќе обезбеди автономно возење на Ниво 2 (делумна автономија) и Ниво 3 (детектирање на околината), како и Ниво 4 (висока автономија).

Тоа значи, на пример, дека возилата ќе можат сами да паркираат, без помош на возачот, но тој сепак ќе мора да биде присутен за да може да реагира во случај на потенцијално опасна ситуација.

Компјутерскиот систем ќе се заснова на платформата Nvidia DRIVE, а ќе обезбеди и автоматско возење по познати и вообичаени рути – на пример од дома до работа и назад.

Софтверот ќе може да се надградува „во лет“, што значи дека клиентите ќе можат да купуваат и инсталираат дополнителни функционалности, безбедносни протоколи, апликации, како и да ги обновуваат претплатите на одредени услуги, сè додека го поседуваат возилото. Тоа е слично на начинот како функционира Tesla кога ги продава своите унапредувања за автоматско управување -Enhanced Autopilot.

Претставниците на Nvidia и Mercedes-Benz веруваат дека со нивната заедничка платформа ќе го револуционизираат искуството во возењето автомобили, со што софтверот ќе биде целосно програмибилен.

Секој иден Mercedes-Benz опремен со Nvidia DRIVE компјутер ќе биде поддржан од тим на експерти за AI (вештачка интелигенција) кои континуирано ќе развиваат и адаптираат возила во текот на целиот нивен „животен век”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Urban Aero го најави CityHawk, хидрогенскиот летечки автомобил

Jeep Gladiator сега достапен и со дизел мотор

Пневматиците за 20%ја зголемија автономијата на EV

Mercedes го откри ентериерот со пет екрани за новата S класа

FCA најави офанзива на mild hybrid мотори

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Корона вирусот ќе влиjае на сите идни автомобили

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

NEVS го претстави Sango автономното возило како дел од PONS