Обновен Citroën Scarabee d’Or првото возило што ја минало Сахара!

Во далечната 1922 година, Citroën Scarabee d’Or, односно Златен Скарабеј стана првото возило што ја минало до тогаш не совладливата голема (најголема) пустина -Сахара, во Африка …

Сега, речиси едно столетие подоцна производителот на автомобили од Франција направи реплика на тој историски автомобил што е идентична на оригиналното возило.

Изработката на овој автомобил стар еден век стартуваше кон средината на 2016 година, a н проектот работеле околу 160 студенти од Машински факултет,  како и 40-на професори.

Како и оригиналот, така и овој „новитет“ има две тркала напред и гасеници назад, а во малата кабина има место за два патника, како и малку простор за нивната опрема која може да се приврзе на возилото и од надворешната страна.

Изработката на моделот Scarabee d’Or секако била подржана од страна на Citroën.

Линда Џексон (Linda Jackson) извршната директорка на Citroen, го поздрави овој проект и додала дека неговата посебност е уште поголема кога ќе се има во предвид дека Citroën токму во оваа година го прославува својот 100-ти роденден.

Исто така таа потенцирала дека станува збор за проект со кој би се гордеел и Андре Ситроен (André Citroën), основачот на компанијата Citroën.

Изворниот Златен скарабеј бил долг 3,65 m, широк 1,4 и висок 1,68 метри. Вкупната маса на возилото се движела околу 800 kg, a го задвижувал мотор со четири цилиндри во линија, со работен волумен од 1,452 cm3 и со сила од 20 KS.

Моторот бил во комбинација со манувач на брзини со три степени на пренос на силата.

Тие што сакаат подетално да се запознаат со ова возило би требале да ја постат Франција, односно да бидат присутни на една од бројните прослави што Citroen ги организира по повод својот стоти роденден, а што ќе се одржуваат во текот на целото лето оваа 2019 година.

Премиерата на обновената верзија ќе се одржи кон средина на летото тековната 2019-та , во Париз, на посебна приредба.

Потоа обновениот Citroën Scarabee d’Or на 18-ти јули ќе прошета по Елисејските полиња, a од 19-ти, до 21-ти истиот месец ќе ги покаже своите способности преку низа на показни возења, во кои ќе уживаат поклониците на марката и воопшто на автомобилите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Rivan со кујни на извлекување како дополнителна опрема!

Citroën Born Paris XV, 100 автомобилски икони за прослава на 100 роденден на брендот

Новиот Mercedes-AMG One вреди четири милиони долари!

Ново продолжение на посетата на фабриката Rimac Automobili!

Од Ливерпул на финалето на лига на шампиони во Мадрид со Škoda Favorit

Најавено годишно производство од 10.000 примероци на Tesla Roadster

Електричниот Lotus Type 130 себитира на 16 јули годинава

Škoda Mountiaq – креација на фантазијата на младите дизајнери од Чешка

Почна одбројување до премиера Bentley Flying Spur, лимузина со спортски DNK!