Обновен Kia Soul

Kia го претставува обновениот Soul, модел 2023 година, со најава дека неговата продажба ќе започне во текот на претстојното лето.

За почеток, Soul 2023 доби поинаков изглед на фаровите, како и нов преден браник и дизајн на отворот за воздух, како и малку изменет заден браник.

Дополнително, има нови алуминиумски тркала од 17 и 18 инчи, поширока палета на бои, како и две нови двобојни комбинации (Clear White и Surf Blue, во комбинација со контрастен Fusion Black покрив).

2023 Soul ќе биде достапен во САД со пакети опрема LX, S, EX, GT-Line и GT-Line Tech.

Под хаубата се наоѓа 2.0-литарски атмосферски бензинец со 110 kW / 150 КС и 178 Nm, заедно со CVT менувач и погон на предните тркала.

Опремата располага со стандарден 10,25-инчен екран за информативно – забавниот систем (освен основната верзија LX), како и список на системи за безбедност и помош на возачот (избегнување судир, детекција на пешаци, следење лента, следење на мртва точка, активна контрола на патувањето. .) .

Аудио систем Harman / Kardon, греење на предните седишта, електрично прилагодување на возачкото седиште ….

Цените за 2023 Soul ќе бидат објавени подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

-Volkswagen плаќа казна од 193 милиони фунти на оштетените Британци во Dieselgate

Peugeot Partner Rapid

Први фотографии на рестилизираниот BMW Series 3

BMW M4 Coupe 50 Jahre BMW M

BMW M3 Edition 50 Jahre BMW M

Audi A1 Allstreet

Системите за полу автономно возење не се така безбедни како што велат!

Претставниците на 7-та сила во Италија велат електрична Panda ќе се прави во Крагуевац

Deep Blue C385