Обновен Volkswagen Tharu

Volkswagen од пролет на кинеските клиенти ќе им понуди обновена верзија на crossover модел Tharu, за чие производство е задолжена SAIC-Volkswagen.

Визуелните промени во однос на претходната верзија вклучуваат нови предни светла, префинета маска, различна графика на задните светла, како и сменети браници (така што сега автомобилот е подолг за 5 mm и има 4458 mm).

 

Нова опција е црна обвивка наместо хром на надворешноста, а надополнета е со нови алуминиумски тркала и црни капачиња на ретровизорите.

Ентериерот исто така е модернизиран, првенствено со поголем екран од 12,0 инчи.

Што се однесува до гамата на мотори, наместо претходниот 1.4 TSI сега има 1.5 TSI со 160 КС и 250 Nm, со 7-степен менувач со двојна спојка и погон на предните тркала.

Во понудата останува посилен 2.0 TSI бензински мотор со 186 КС и 320 Nm, со седум степен менувач и погон на четири тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива

„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…