Обновена Lada Niva Bronto

По дотераната Lada Nive Legend, на купувачите во Русија, наскоро, ќе им биде достапна и обновената Niva Bronto верзија (базирана на Nive Legend со три врати) …

Разликите помеѓу Niva Bronto и Niva Legend вклучуваат зголемен растојание од земјата (од 205 на 240 mm), нови амортизери, 15-инчни тркала со MT гуми со димензии 235/75 R15, носачи на покривот, проширувања на калниците, поинакви браници, нова маска, светла за магла…

Исто така, има и нова табла со инструменти и преден панел, поудобни седишта, како и подобра изолација од бучава и вибрации.

Дел од опремата се состои од ABS, климатизација, електрика на прозорците, како и грејачи на седиштата, а исто така и на ретровизорите.

Моторот е со четири цилиндри, со  работен волумен од 1,7-литри – бензинец со моќност од 83 КС и 129 Nm максимален вртежен момент.

Агрегатот доаѓа во комбинација со пет степен мануелен менувач на брзината, што силата ја пренесува на сите четири тркала (погон 4х4).

Првите испораки се најавени за крајот на август тековната 2021 година.

Кога, пак, станува збор за цената, до овој момент од компанијата нема никакви соопштенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Октански прстени.

Škoda станува марка на непушачи!

Наскоро Boldmen CR 4

Lada Niva Legend 50th Anniversary Limited Edition

Citroën Ami потврден и за пазарот во Велика Британија

Honda со online продажба на автомобили во Јапонија

Новиот управувач на Tesla на тест- Појави сериозни безбедносни ризици

Нова Honda BR-V со 7 седишта

До 2025 година сите Taxi возила во Виена ќе возат на струја!