Обновена Мazda2

Актуелната четврта генерација на Mazdа2 на пазарот е веќе пет години и време е да биде освежена…

Обновената Mazda 2 премиера имаше во Јапонија при што едновремено е променето и името,имено, досега, моделов во Јапонија се продавал под името Mazda Demio, a од рестилизацијава и таму ќе го понесе името Mazda 2.

Покрај тоа во Северна Америка за моделската 2020  година е достапна како Toyota Yaris hatchback.

Како и да е, Mazda 2 моделска 2020 се издвојува со модифициран преден дел (маска во форма на саке со хромирана рамка, дотерани светлосни групи и браник),тука се и нови бои за каросеријата како и поинаквиот дизајн на  алуминиумските тркала.

Исто така тука е и ревидираното потпирање, нови предни седишта, како опција управувач  со греење, седиште на возачот што се подесува во шест насоки, темпомат со радар, информативно забавен систем со  Apple CarPlay и Android Auto, адаптивни LED предни светла, систем на камера од 360 степени, систем на препознавање на сообраќајни знаци, како и систем на одржување на возилото во лентата по која се движи.

Во Европа Mazda 2 ќе се нуди со погонскиот  бензински мотор, со работен волумен од 1,5-литри во две верзии на моќ, со 75KS  и 90KS (во комбинација со шест степен мануелен менувач на брзини, а како опција шест степен автоматски  кај посилната верзија), додека во Јапонија ќе може да се добие и со дизел агрегат со работна зафатнина од 1,8 –литри и со погон на сите четири тркала.

Продажбата на обновената Mazdа 2 на домашниот пазар – Јапонија треба да почне на 12 септември тековната 2019 година, додека пак на пазарите во Европа на почетокот на наредната 2020-та .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Светски премиери на Opel IAA 2019, Нова Astra, Corsa и Grandland X plug-in хибрид

Škoda Superb RS (2020), дизелски 240 KS, предизвикувач на спортската елита!

Rezvani Tank – Најсилниот SUV на светот

Специјално изданија на Lexus LC 500

Fiat Cronos HGT за жал не и за Европа!

Нова Kia Mohave

Третата генерација на Opel Insignia (2022) ќе биде изведена од Peugeot 508