Обновени BMW X3 M и BMW X4 M

На почетокот на 2019 година, BMW ги претстави спортските SUV модели X3 M (F97) и X4 M (F98), кои сега претрпеа значителни модификации.

Како прво, тука се модифицирани фаровите и задни светла, дотерани браници и пошироки предни „бубрези“, нови 21-инчни алуминиумски тркала, поширока палета на бои (вклучувајќи ги и Sao Paulo Yellow, Brooklyn Gray, Marina Bay Blue и Carbon Black бои), како и новиот екран iDrive 7 екран внатре.

Под хаубата на овие два модела се наоѓа 3.0-литарски шестцилиндричен мотор со технологија M TwinPower Turbo, кој има 510 КС и вртежен момент од 650 Нм.

BMW X3 M Competition забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,8 секунди, а максималната брзина е ел. ограничено на 250 км/ ч, но со опционалниот пакет М возач оваа граница е крената на 285 км/ч.

Истите бројки се однесуваат на BMW X4 M Competition.

Сето ова доаѓа во комбинација со 8-степен автоматски менувач, погон на сите тркала M xDrive, комплет М аero body kit (поголеми отвори за v[mukuvawe на воздух напред, пошироки kalnици, заден спојлер ..), ретровизори М, црни предни „бубрези“, адаптивна М суспензија, high performance сопирачки (дискови 395 мм напред и 370 мм назад),  алуминиумски M фелни, спортски издувен систем, како и рафиниран ентериер со кожа, карбонски влакна, спортски седишта, мултифункционален M волан и спортски профилирани педали.

Продажбата на овие обновени модели во Европа ќе започне во август.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati Grecale пристигнува 16 ноември

Aura EV – футуристички двосед на струја со голема автономија

Идната генерација на Dacia Duster -хибриднa, но и натаму пристапна

Toyota Corolla Cross GR Sport

Во Zenvo Automotive планираат хибриден супер автомобил

Претставен Nissan GT-R:ексклузивна верзија за најсреќните

Citroen C5 Aircross Black Edition

Geely Vision X6 Pro

Претставен BYD Ocean-X Concept