Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Седанот Cronos на Fiat е во продажба од 2018 година, а сега претрпе мало дотерување за да продолжи да се натпреварува со слични модели на јужноамериканскиот пазар (вклучувајќи го и Logan на Renault)…

Овој седан со должина од 4364 mm влегува во новата моделска година со модифицирана предна табла, различни алуминиумски тркала со големина од од 15 и 16 инчи, нова Strato Grey боја и волан преземен од моделот Pulse SUV.

Во понудата останува и опционалниот пакет S Design, со црна маска, црни куќишта на фаровите, мал спојлер на капакот на багажникот и детали во бакарна боја.

Дел од стандардната опрема вклучува пар воздушни перничиња, ABS + EBD, ESC, клима уред и аудио систем.

Богатите верзии имаат и мултимедијален систем со 7-инчен екран и задна камера.

Инаку, дотераниот Cronos сега е опремен само со моторот 1.3 Firefly, бензинец што доаѓа во комбинација со 5-брзински мануелен или опционален автоматски менувач.

Обновен Fiat Argo

Fiat го прослави производството од 400.000 единици на моделот Argo, произведени во фабриката Бетим од неговото лансирање во 2017 година. Истовремено со достигнувањето на оваа важна бројка, Fiat ја лансира моделската линија за 2023 година со нови карактеристики главно во дизајнот.

Fiat Argo MY23 сега има нови карактеристики, пред се во изгледот на предниот дел.

На тој начин браникот доби похрабри линии, а има и префинета маска.

И овде имаме нова Strato Grey боја, како и различен дизајн на алуминиумски тркала, додека внатрешноста е модернизирана со нов волан и поквалитетни материјали.

Како и Cronos, така и Argo може да се има со пакетот S Design, но и во (pro)off-road Trekking верзијата.

Така, crossover верзијата Argo Trekking се одликува со дополнителни заштитни елементи (лакови од кал, нови прагови, различни браници), носачи на покривот, нова саќе маска, како и стандардни алуминиумски тркала.

Моделот Argo ќе биде достапен со бензински мотори 1.0 и 1.3 Firefly, што значи 77 КС и 107 КС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Toyota Yaris Cross GR Sport

Подновен Nissan Kicks