Додека Volvo ќе продолжи да нуди и седани и каравани, Mercedes, од друга страна, целосно ќе ги елиминира караванските модели од својата понуда до 2030 година.
Така барем пишува Automobilwoche, наведувајќи дека планот на Mercedes е да престане да нуди каравани до крајот на оваа деценија.
Ќе започне со укинување на моделот CLA Shooting Brake, кој ќе исчезне од гамата и тоа веќе за три години, во 2025 година и за кој не се предвидува наследник.
Дополнително, се наведува дека новата E-Class за 2030 година исто така нема да има караван верзија во гамата.
За ова се зборуваше уште во септември минатата година кога извршниот директор на компанијата Маркус Шефер (Markus Schafer) разговараше за намалената атрактивност и пазарот на каравани во време кога производителите на автомобили трошат милијарди за префрлање на електрични возила.
Имено, не е лесно да се оправда вложувањето пари во дизајн, развој и производство за сè помала база кога клиентите сакаат електрични crossover и SUV модели.
Во извештајот на Automobilwoche се наведува дека затоа германската компанија размислува за алтернативи за клиентите, особено за тие на домашниот германски пазар.
Во овој поглед, Mercedes би можел да понуди покачени (повисоко кренати од подлогата) лимузини кои можат да сместат батерии на подот или да направат појасна разлика помеѓу crossover и SUV модели во својата понуда.