Од Continental развиваат дигитална ЗD инструмент плоча!

Ако некој  држи  до себе, кога купува нов автомобил внимава истиот да има и Дигитална инструмент табла што стана елемент „must have” во речиси сите сегменти на автомобили и сега веќе не се резервирани само за најскапите модели од премиум сегментот…

Со масовноста пристигнува  и пристапноста, но исто така и еволуција на постоечките, како и воведување на нови системи.

Во тој контекст и Continental развил нова генерација на 3D дигитална инструмент табла, што во првата еволуција се појавила на пазарот во Кореја во моделот Genesis G70, но во најновата еволуција се очекува и во SUV моделот GV80 на истиот производител на автомобили  кој на пазарот во САД ќе дебитира во текот на наредната 2021 година.

Екранот на инструменталната табла користи камера што се насочува кон возачот и ја следи линијата на неговиот поглед, со што овозможува преклопување на сликите и создавање на 3D ефект.

Дури и повеќе, новата инструмент табла е во можност, на пример, на возачот да му го прикаже знакот „Stop” преку сите останати податоци во моментот видливи во приказот.

Новата 3D инструмент табла не бара никакви посебни очила за користење, туку користи паралактични бариери  што создаваат малку свлечени слики  и ефект на трета димензија.

Новиот 3D екран работи со Cross Domain Hub компјутер на информативно забавниот систем, a компанијата предвидува дека овој компјутер ќе мое да подржи повеќе индивидуални командни единици, вклучително и понапредни системи на командување со движење, од тие што инаку веќе се наоѓаат во автомобилите.

Иако целиот систем во голема мерка се потпира на надзорот што го прават камерата, компанијата очекува дека ќе ја елиминира камерата во следните еволуции.

Во моментот се развива екран што е базиран врз „Diffractive Lightfield Backlighting” технологијата, која 3D ефектот го постигнува така што ја закривува светлоста околу екранот .

Во Continental овие екрани од наредната генерација очекуваат да бидат вградени во автомобилите од 2022 година .

И веќе сега најавуваат дека совозачот ќе биде во можност да прави видео состаноци и да гледа филмови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страничното паркирање никогаш полесно

Honda најави опции на рачни контроли во новите модели

Технолошки и безбедносен напредок – BMW Driving Assistant View

Michelin најавува од 2023 гумите доаѓаат со чипови

BMW патентира волан што менува форма

Samsung претстави батерија за EV со досег од 800 км

Car2X нов технолошки бисер што доаѓа во Golf 8!

Авто-пилотот на Tesla ќе ги детектира боите на семафорите

Cupra Leon Competición подготвена за патеки со помош на 3Д принтер