Од Ferrari најавија четири новитети

Финансиските извештаи обично се здодевни, но кога станува збор за егзотичен бренд како Ferrari, тие се особено „зачинети“…

Во финансискиот извештај на Ferrari се споменуваат и плановите на компанијата од Маранело, кои вклучуваат презентација на четири новитети. Иако испораките на моделот Purosangue допрва треба да започнат, теренецот со високи перформанси не е меѓу четирите најавени новитети бидејќи веќе беше претставен во 2022 година.

Ferrari традиционално е таинствен кога се во прашање идните модели, па затоа нема да ги откријат картите д0 подоцна оваа година.

Сепак, земајќи ги предвид папарацо фотографиите создадени во изминатите неколку месеци, еден од четирите најавени модели најверојатно ќе биде кабриолет верзија на Romа.

Ќе биде интересно да се види дали grand tourer без покрив ќе го замени долгогодишниот модел Portofino M што деновиве е и потврдено.

Исто така, постои ризик од канибализирање на продажбата, при што некои извештаи сугерираат дека Roma Spider (името не е потврдено) ќе седи под моделот Portofino наместо да го замени.

Шпионските фотографии открија и тест мазги базирани на Roma моделот, но со V12 мотор.

Тоа всушност би можело да биде наследник на моделот 812 Superfast, кој би можеле да го видиме пред крајот на 2023 година.

Потенцијално помоќниот SF90 Stradale беше виден во ноември минатата година како го „крие“ продолженото тело, па очекувајте „Versione Speciale“ или нешто слично.

Што се однесува до четвртиот најавен новитет, тешко е да се каже нешто за него.

Не треба да се исклучи ултра ексклузивен модел за серијата Icona кој би пристигнал по моделите Monza SP1/SP2 и Daytona SP3.

За периодот помеѓу 2023 и 2026 година, Ferrari вети дури 15 модели, вклучувајќи го и својот прв целосно електричен автомобил и хиперавтомобил.

Компанијата лани продаде 13.221 автомобил, а на работниците им подели бонус од 13.500 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива

„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…