Од Германија најавен EV болид побрз од Rimac C_Two

Доколку се остварат најавите Rimac може да ги изгуби титулите за најсилниот и најбрзиот на глобалниот пазар, барем кога станува збор за електрични автомобили…

Главниот виновник за ова е Elektron Motors, мала компанија од Германија која штотуку објави нови рендери на моделот Quasar. Станува збор за хипер спортски автомобил, што во моментов постои навистина само на хартија, но кога ќе се реализира ќе биде еден од најбрзите автомобили во светот.

Од Elektron Motors тврдат дека нивниот автомобил ќе биде придвижуван од четири електромотори со вкупна моќност од 2300 КС, што е повеќе од тоа што го нуди C_Two на  Мате Римац односно на Rimac Automobili, но и од „Lotus Evia. Ако тоа не ви е доволно, обрнете внимание на овој факт што следува: Производителот исто така тврди дека тежината на возилото нема да надмине 1500 кг.

Не е познато како тие имаат намера да го постигнат сето тоа, или со кои батерии. Од Компанијата исто така тврдат дека нивниот автомобил ќе може да забрза од 0 до 100 км/ч за само 1,65 секунди, а максималната брзина што ќе ја постигнува ќе изнесува 450 км/ч.

Интересно, естетскиот автомобил многу потсетува на друг автомобил како што е шведскиот „хипер – спортист“ моделот  – Koenigsegg Jesko. Дури, во некои детали нивниот предлог дизајн е идентичен со шведскиот супер автомобил. Во однос на внатрешноста, тој е малку пооригинален и се истакнува со замислениот дигитален кокпит и голем екран пред совозачот.

Ако се биде според планираното, тогаш лансирањето на моделот е најавено за 2023 година. Од компанијата наведуваат дека шроизводството ќе биде лимитирано на само 99 примероци.

Во овој момент нема никакви податоци за цената, но според се тоа што е најавено во оваа куса и штура информација, бројката ќе биде изразена со седум цифри и тоа во европската валута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari F125 TDE?

Спортски концепт Suzuki Misano by IED

Хипер автомобил Viritech Apricale со 1100 КС

Volkswagen под истрага поради прво-априлската шега Voltswagen

Возете паметно и заштедете повеќе

Уникатен блиндиран Porsche 911

Луксузниот Bentley на кралицата на Англија на аукција!

GTO Engineering Squalo инспириран од Ferrarijem 250 GTO

Тркачка верзија на Volkswagen ID.4