Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Иако романската марка остана таинствена за цената на својот прв електричен модел, почнаа да циркулираат и првите информации поврзани со тоа прашање…

Имено, Dacia отвори книга пред нарачка за Spring Electric во Унгарија. За првите сто  примероци, почетната цена ќе биде 17.770 евра кога ќе се пресмета денешниот курс на форинтите (унгарската валута и еврата).

Значи, тоа е повисока цена од онаа за која првично се веруваше дека ќе биде понудена.

Да потсетиме, повеќето од француските специјализирани за автомобилизам медиуми пишуваа за основната варијанта на Spring што би требала да има стартна цена  од 15.000 евра, додека некои германски портали отидоа толку далеку што ја наведоа бројката од 12-13.000 европски банкноти.

Меѓутоа, кога на оваа цена во Унгарија ќе и се додадат државни субвенции за набавка на електрични автомобили, бројката достигнува 10.930 евра!

Значи, Spring Electric е далеку поевтин од, да речеме, Renault Zoe, електричните верзии на Twingo и на VW up!

Сепак, треба да почекаме и да видиме колкава ќе биде цената во остатокот од Европа, бидејќи досега видовме дека таа може да варира значително од земја до земја.

Најверојатно почетната цена нема да биде најавената 15 илјади евра, но ќе биде поблиску до онаа што веќе е понудена во Унгарија.

И со повисока цена од очекуваната, Spring  повторно е меѓу најприфатливите , ценовно гледано, модели на ЕВ погон во Европа, особено ако се елиминираат разни кинески микро автомобили.

Кога на оваа цена ќе се додадат државни стимулации за набавка на електрични возила, кои се особено високи во Германија и Франција, се постигнува многу прифатлива цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Nissan Note и официјално дебитира

Volkswagen ID.5 само за Европа

Во Кина дебитираше освежениот Jeep Compass

Nissan Note дебитира утре

Kia Sorento Yosemite Edition и  Sorento Zion Edition

Уловена Kia Sportage 2022

BYD D1

Пристигнува електричен VW I.D. Vizzion concept

Elation Freedom супер спортист на струја