Од Италија пристигнува вирус на две тркала – Vyrus Alyen

Денес говориме за вирус, но не за корона вирус, туку за новата фантастична креација на две тркала на познатата италијанска марка на мотоцикли, во сопственост на Audi…

Станува збор за мотоциклот Vyrus Alyen, жестока машина што за задвижува v-twin  агрегат со работен волумен 1.285 кубни сантиметри од Ducati Superquadro.

Тоа по што особено се издвојува овој мотоцикл е неговата каросерија кава што нема да најдете никаде на друго место.

Директниот конкурент на Bimota Tesi H2 моделот е радикален спортски мотоцикл од Италија што нуди моќ од 202 KS, што во комбинација со изгледот сочинува пакет на кој тешко може да ну се одолее.

Издувниот систем изгледа како унапредена верзија н тоа што веќе сме го виделе на моделот Vyrus 982 M2, a тука е и предниот фар со уникатен изглед, како и композитни рачки со интегрирани индикатори на промената на насоката- трепкачите.

По се се чини дека и каросеријата е комплетно од карбонски влакна што и може да се очекува од таков модел.

Од карбон се изработени и фелните, Rotobox Buller, додека рамката е направена од магнезиум и од  во двојна „omega“ конфигурација, форма на старо грчката буква, што е својствено за Vyrus моделите.

За запирање се грижат сопирачките на Brembo од GP4 серијата, иако веруваме дека Vyrus тука ќе им излезе во пресрет на барањата и желните на купувачите. Истото може да се рече и за потпирањето, е тешко да се забележи која единица компанијата ја искористила за промотивните фотографии што се објавени.

Претпоставката на познавачите е дека станува збор за Ohlins потпирање.

Во овој момент од компанијата се уште не ја дефинирале цената на жешкиот  мотоцикл.

Спецификации:

Тип на мотор:  Ducati, 4 такта, 2 Цилиндра

Работен волумен :  1.285 кубни сантиметри

Компресија:  11,3 : 1

Систем на ладење: водено

Моќ: 202 KS на 10.500 в/мин

Пренос:  6 степен

Спојка:  Потопена во масло

Вбризгување на гориво :  електронско

Рамка:  Vyrus од магнезиум дизајн во форма на двојна „ omega“

Предна гума: 120/70 ZR 17

Задна гума:  200/60 ZR17

Капацитет на резервоарот за гориво:  11 литри

Растојание помеѓу оските:  1.575 mm

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“