Од Lamborghini најавен тркачи автомобил со V12 мотор

Поклониците на автомобилите од фабриката во Санта Агата, крај Болоња, со нетрпение очекуваат повеќе детали за моделот опремен со V12 агрегат и моќен 830KS…

Итaлијанскиот Lamborghini во моментот е помеѓу водечките компании во производство на луксузни crossover модели (Urus), но неговите конструктори исто така знаат како се прават модели што на марката и донесоа глобална слава во светот н супер спортските автомобили.

Разгневениот бик“  се враќа во голем стил и веќе сега знаеме голку гласно риа „ѕверот“ под хаубата.

Се уште не именуван проект осмилен во октомври минатата 2019 година кога  Lamborghini во тек на финалната трка на Светскиот шампионат во Херез (Herez) ја објави силуетата на новиот модел.

Автомобилот се развива за потребите на Lamborghini шампионатот на компанијата и ќе биде наменет само за тркачките патеки.

Инаку, Lamborghini 830-HP V12 припаѓа во категоријата на славните модели како Ferrari FXX-K и McLaren Senna GTR.

Но за разлика од спомнатит автомобили, што во исто време се и патнички (може да се возат секојдневно по јавните сообраќајници) новиот Lamborghini нема да се појави на отворените патишта.

Се повторува приказната поврзана со историјата на моделот Sesto Elemento. Потсетуваме само 20 примероци на тоа возило се симнале од производната лента и сите се користени во тркачки услови.

Додека Sesto Elemento е опремен со мотор на Gallardo, со работен волумен од  5,2 – литри, со 10 цилиндри во форма на латинската буква V, се уште мистериозниот модел ќе биде опремен со погонска единица од Aventador, односно со 6,5 –литарски бензинец со 12 цилиндри исто така во V конфигурација.

Барем така стои во информацијата што ја пласираа новинарите од порталот CarBuzz.

Следува и унапредување на перформансите на моторот што сега располага со ергеле од 830 „коњи“ и на патеката звучи како неговите славни претходници.

Предниот под рам е изработен од алуминиум и од карбонски влакна.

Тука е сместен само блокирачи механички диференцијал и шест степен менувач на брзини.

Внатрешноста е прекриена со аеро динамична каросерија, со спојлер, отвор за вентилација на покривот и двоен систем за вшмукување на воздух.

Барем делумно Lamborghini 830-HP V12 ќе наликува на моделот Aventador SC18 Alston што, патем речено е уникатво светот на брзите автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците ќе ги задржат бубрезите на маската на моделите и во електричната ера

Европа наопаку, а Русите правилно!?!?

Се продава Jaguar XK120 Roadster што бил сопственост на Клерк Гебел

Mercedes-Benz слави 120 години на постоење

Претставен новиот Fiat Strada

Киев размислува за забрана на користење на приватни возила

Audi пронајде начин да помогне да се прекрати времето во карантин

И Hyundai го менува логото, а Mercedes ja намали ѕвездата

Електричниот Fisker Ocean ќе има и воена и верзија за спасување