Од Nissan -можен е и crossover Z400

По повеќе од 13 години на пазарот, Nissan 370Z ќе се повлече, а ќе биде заменет со нов спортски автомобил за кој многумина шпекулираат дека ќе се вика 400Z. …

Тој веќе дебитираше во концепт форма, за што детално пишувавме, а серискиот модел би треба да го видиме во текот на следната година. Но, кога тоа ќе се случи, спортскиот двосед, можеби нема да биде единствениот што ќе се нуди.

Имено, Иван Еспиноза, потпретседателот на Nissan за глобално производство, во неодамнешниот разговор со медиумите, изјави дека јапонскиот производител на возила сè уште не ја исклучува можноста да го види новиот Z, како crossover, или во форма на теренец.

Еспиноза додава дека популарноста на ваквите возила ги принуди производителите да направат некои драстични потези, така што дури и еден Ford Mustang наскоро ќе се појави во продажните салони како електричен crossover. Тоа не значи дека добил зелено светло за развој, но исто така ниту дека идејата е згасната.

Новинарите направија споредба со гореспоменатиот Mustang Mach E. Иако првично доби многу критики, списокот на потенцијални клиенти порасна со брзо темпо и во моментов се смета за еден од автомобилите што сите со нетрпение очекуваме.

Nissan има корист и од фактот дека тестовите покажуваат дека се поголем број возачи се подготвени да жртвуваат неколку секунди, што го илустрира забрзувањето од место до 100 км на час, за да добие повеќе простор и подобри карактеристики на возењето за време на лошите временски услови. Доколку влезе во сериско производство, сигурно ќе се напојува од идентичен 3,0-литарски турбо бензинец со над 400 КС.

Повеќе информации за овој потенцијален crossover сигурно ќе дознаеме во нареднaта години, или тие што следуваат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Понудата на Dacia драматично се менува

Изнервиран од чести дефекти го запали својот Mercedes-AMG GT 63 S 4door

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!