Од Nissan најавија и поголем SUV на струја

По неодамнешната промоција на електричниот модел Ariya, од Nissan пристигнуваат информации и за уште еден електричен SUV …

Станува збор за поголем SUV со три реда на седишта кој претставува природен следен чекор со оглед на популарноста на ваквите возила во Кина и САД.

Идниот голем електричен теренец, исто така, треба да користи модуларна CMF-EV платформа и, наводно, ќе има автономија во возењето, со едно полнење на батериите од околу 500 км.

Засега нема други детали, додека шефот на електрични возила на Nissan на европскиот пазар, Хелен Пери (Helen Perry), исто така, наведува дека споменатата платформа ќе се користи за други возила во иднина.

Поточно, во C-SUV и D-SUV сегментот, кој ќе се зголеми за околу 300 проценти во следните три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробни камери за „лoвење! на тие што снимаат сообраќајки на пат!

Над 600 илјади хотели во светот го прифаќаат биткоин како валута!

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!

Наспроти кризата со корона вирусот Peugeot најави враќање на пазарот во САД веќе 2023

Турција и официјално има најдолга велосипедска патека на светот

McLaren F1- денес вреди 16 милиони фунти

Audi RS7 Sportback  со 962 КС

Помал Tesla Cybertruck за Стариот континент