Од Opel за годинава најавуваат и нова Mokka

Во Opel и во Vauxhall уште минатата 2019 година престанаа со производство на помалиот crossover Mokka X, што од почетокот на продажбата во 2012-та година е продаден во околу 900.000 примероци, од што само на пазарот во Велика Британија се пласирани повеќе од  200.000 единици од моделот што е успех достоен зa респект, a сега го најавуваат наследникот- новата генерација…

Наследникот според написите во специјализираните медиуми ќе биде промовиран во текот на оваа 2020 година а на рендерите со што е проследена информацијата а преземени од германскиот магазин Auto Zeitung e прикажан можниот изглед на новата генерација на популарниот crossover од Риселсхајм…

Покрај конвенционалните бензински погонски и дизел агрегати, купувачите на новата Mokkа ќе добиваат и потполно електрична варијанта во понудата, со батерии со капацитет од 30 kWh и автономија на возењето од  околу 300 km, a истата ќе биде направена врз платформата на „братските“ модли од Групацијата – Peugeot 2008 и DS3 Crossoback.

Покрај новата платформа и новите мотори, по модерниот стајлинг и нови технологии, новата Mokka ќе биде исто така и поголема и со поголем простор во внатрешноста, a судејќи според се’ ќе се нуди само со погон на тркалата од предната оска…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Poletar го покажа возачкиот простор од иднината

Спортски Peugeot 508 co Hybrid погон до крајот на 2020

Volkswagen Touareg R со plug-in hybrid систем

Официјално претставена DS9 – Француска преиум лимузина создадена да успее!

Електричен Fiat 500e без маска

Новиот Volkswagen Caddy новиот крал кај возилата за дотур!

Cupra Leon, шпанската икона станува plug-in hibrid!

Ултимативна Honda Civic Type R со Sport Line и Civic Limited Edition

Peugeot го лансира својот прaктичен работник – pick up модел Landtrek