Од Polestar со најава за три електрични автомобили до 2024 година

Шефот на Polestar, Томас Ингенлат потврди дека брендот ќе претстави три нови електрични автомобили во следните три години…

Првиот ќе биде теренецот Polestar 3, што ќе биде одговор на шведската марка за моделот X на Tesla и Audi Е-Тron од следната година. Според Томас Ингелат (Thomas Ingenlath), моделот Polestar 3 ќе се натпреварува по цена со Porsche Cayenne, наведувајќи почетна цена од околу 60.000 британски фунти.

Во 2023 година, ќе го видиме новиот Polestar 4. Тоа е автомобил позициониран во средина на тизер сликата, а Ингенлат посочи дека овој нов EV ќе биде „спортски Coupe-SUV“, ривал на Porsche Macana EV.

Polestar 5 ќе биде претставен во 2024 година, а првите примероци се очекуваат на пат во  годината по неа – 2025. Тоа ќе биде седан, како конкурент на Tesla Model S и Porsche Taycan.

Шефот на Polestar посочи дека „ќе гледаме по еден нов автомобил Polestar годишно во следните три години и дека овие автомобили се веќе дизајнирани и подготвени да се појават“.

Ингенлат, исто така, нагласи дека „Polestar 1 ја дефинира горната цена за брендот, додека Polestar 2 ја претставува влезната (базна) ценовна точка“. Овие возила ценовно се движат во распон од 139.000 фунти за Polestar 1, до 39.900 фунти за најприфатливата варијанта Polestor 2.

Се очекува Polestar 4 да се базира на истата платформа SPA2 исто како како Polestar 3.

Како и Polestar 3, овој нов електричен SUV на премиум скандинавската марка во целосна сопственос на кинескиот автомобилски гигант Geely,  најверојатно ќе има два електрични мотори, како и батерии доволно големи за дострел од 483 километри (300 милји).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lada во Октомври ја зголеми продажбата во Европа!

Tesla отповикува 7600 возила во САД

Renault Sport го затвора профилот на социјалните мрежи!

Audi e-tron GT прогласен за најубав автомобил на годината

Се интензивира производството на EV во Индија

Volkswagen ќе учествува во најголемиот и најбрз циркус на тркала F1

KIA со рекорден пазарен удел во Европа и најдобар трет квартал во сторијата

Цената на бензините одат долу, на дизелот расте

Ford Bronco можеби и на пазарите на Стариот континент